Отворен повик 20/2025 за прибирање на понуди за избор на хотел за одржување на настан: Генерално собрание на Национална федерација на фармери во Скопје на 20.03.2026
09.12.2025
Вовед
Националната федерација на фармери (НФФ) е најголемата земјоделска организација во земјата што ги претставува и застапува интересите на земјоделците, семејните земјоделски стопанства, локалните земјоделски здруженија и земјоделските задруги, обединети под заедничка визија: профитабилно земјоделство – стабилно село и мисија: организиран лидер на земјоделците во земјоделскиот и руралниот развој.
Генералното собрание на Националната федерација на фармери (НФФ) претставува највисок орган на организацијата и се одржува еднаш годишно. Во рамки на Годишното собрание, НФФ ги претставува своите резултати, стратегиски заложби и иницијативи од значење за малите земјоделци.
На ден 20 Март 2026 е предвидено одржување на Годишното Генерално собрание на Националната федерација на фармери во Скопје. Во рамки на настанот ќе биде организирана промоција на мерките за поддршка на малите земјоделци и останатите социјални бенефиции, како и презентација на постигнувањата од проектот со акцент на заложбите на НФФ за воспоставување Групи на производители и зајакнување на поддршката за малите оператори со храна.
Настанот се организира во рамките на проектот:
„Организациски развој на НФФ и подобрени врски на пазарот за малите земјоделци и производители од рурални области со цел зголемување на приходите“, поддржан од Шведска и од Шведската организација за развој We Effect.
Оваа година се очекува присуство на околу 150 учесници, меѓу кои земјоделки и земјоделци-делегати на Генералното собрание на НФФ, како и претставници од амбасади, министерства и граѓанскиот сектор.
Планираното времетраење на настанот е 6 часа, со следната структура:
- 10:00 – 10:30 – Подготовки за настанот, пречек на учесниците и кафе за добредојде
- 10:30 – 13:00 – Поздравни обраќања и панел-дискусија
- 13:00 – 14:00 – Коктел и кафе пауза
- 14:00 – 16:00 – Работен дел со делегатите на Генералното собрание на НФФ
Точната агенда, како и финалниот број на гости, ќе бидат доставени до избраниот хотел најдоцна една недела пред одржување на настанот.
Предмет на понуда
Понудата треба да ги опфати следните услуги и технички услови за организација на настанот со околу 150 учесници:
1.Простор
- Сала со капацитет за 150 лица
- Распоред на седење: кино систем
2.Угостителски услуги
- 2 кафе-пауза за сите учесници
- Ручек – коктел за 150 лица
- Неограничени безалкохолни пијалаци за време на коктелот
3.Аудио-визуелна опрема и опрема за превод
- 1 кабина за симултан превод и преведувачко место
- 15 приемници со слушалки за следење на превод
- 4 статични микрофони
- 2 безжични микрофони
- Комплетно озвучување на салата со техничка поддршка
- LED екран приближно 5 x 3 метри (или соодветна големина)
- Вклучена техничка поддршка
Содржина на понудата
Понудата треба да содржи следните информации:
- Цена за наем на конференциска сала со капацитет за 150 лица (кино систем) капацитетот на понудената сала и/или слика од салата
- Цена по лице за кафе-пауза и предлог мени за кафе-пауза
- Цена по лице за коктел и предлог коктел-мени
- Цена по лице за неограничено безалкохолен пијалок
- Единечна цена за кабина за симултан превод и преведувачко место
- Единечна цена за приемници со слушалки за следење на превод (по приемник)
- Единечна цена за статични микрофони (по микрофон)
- Единечна цена за безжични микрофони (по микрофон)
- Цена за комплетно озвучување на салата
- Цена за LED екран приближно 5 x 3 метри (или соодветна големина)
- Цена за техничка поддршка
- Информација за капацитет на салата и за слободен паркинг простор
Цената треба да биде изразена во македонски денари (МКД) со вклучен ДДВ и со јасно наведена валидност на понудата.
Доколку ДДВ не е вклучено во цената, понудувачот е должен тоа јасно да го наведе.
Доколку понудата содржи цена во евра (ЕУР), потребно е да се наведе курсот што е користен при пресметката.
Во случај понудувачот не го наведе курсот, Националната федерација на фармери (НФФ) ќе го примени средниот курс на НБРМ на денот на евалуацијата на понудата.
Рок и начин на поднесување на понуда
Краен рок за доставување на понудите е до 15.12.2025
Понудите задолжително се доставуваат на две е-маил адреси vidanka.martinovska@nff.org.mk и nff@nff.org.mk.
Понудите доставени по истек на крајниот рок, како и понудите кои не се во согласност со барањeто нема да бидат земени в предвид.
Информации
За сите дополнителни информации или одредени прашања Ве молиме обратете ни се на следниот е-маил: vidanka.martinovska@nff.org.mk најдоцна до 12.12.2025 година.
Критериуми за избор
Задолжителни барања: Понудата да е целосно во согласност со барањето.
Хотелот да располага со сала со соодветен капацитет за 150 учесници во бараниот термин
Хотелот да располага со бесплатен паркинг простор за учесниците на настанот
При изборот на најповолна понуда ќе се применува критериумот – економска поволност на понудатa, при што принципот “најдобра вредност за парите” се зема во предвид, што во случајот подразбира најевтина цена доколку задолжителните барањата од понудата ( да има паркинг за учесниците и соодветна сала за 150 учесници) се задоволени.
Начин на плаќање
Национална федерација на фармери со избраниот добавувач ќе склучи договор за еднократна соработка.
Исплатата ќе биде извршена во рок од 3 работни дена по завршување на настанот, согласно испорачаните услуги и доставена фактура за истите.
Stay In Touch