17.11.2025

Националната федерација на фармери, во рамките на проектот „Организациски развој на НФФ и подобрени пазарни врски за малите фармери и производители од руралните средини со цел зголемување на приходите“, поддржан од Шведска и We Effect, распишува отворен повик за ангажирање на ПР агенција за промоција на малите земјоделци

Задолжителни технички критериуми:

Искуство на компанијата:
• Минимум 5 години професионално искуство во односи со јавност, промоција и/или организирање настани.
• Портфолио со најмалку 3 реализирани слични или идентични ангажмани за организирање настани, заедно со примери од слични онлајн визуелни материјали/картички.
• Претходно искуство со покривање на невладиниот земјоделски сектор ќе се смета како предност.

Постапка за аплицирање:
Заинтересираните компании за ова ToR треба да ги поднесат следниве задолжителни документи:
• Ажурирано портфолио на компанијата со јасно наведено искуство во идентични или слични ангажмани и фотографии со примери од изработка и дизајн на визуелни онлајн материјали/картички.
• Финансиска понуда во денари, вклучувајќи ги сите трошоци. Понудата треба да вклучува ДДВ.Во Понудата треба одделно да ги наведе трошоците за Генералното собрание на НФФ, одделно за Саемот на НФФ и одделно за дизајнот и подготовката на 40–50 онлајн визуелни материјали (картички).
• Потпишана изјава за односи.

Понудите треба да се испратат на е-маил адресите: vidanka.martinovska@nff.org.mk и nff@nff.org.mk, најдоцна до 16.12.2025.
Сите прашања може да ги упатите на vidanka.martinovska@nff.org.mk најдоцна до 11.12.2025.

Целиот повик е објавен подолу во објавата како PDF документ.

ToR PR agency for promotion of small scale farmers and organizing events