17.11.2025
Националната федерација на фармери, во рамките на проектот „Организациски развој на НФФ и подобрени пазарни врски за малите фармери и производители од руралните средини со цел зголемување на приходите“, поддржан од Шведска и We Effect, распишува отворен повик за ангажирање на Експерт за пазарни поврзувања ( Expert market linkages)
Задолжителни технички критериуми:
1.Образование
• Универзитетска диплома: Експертот треба да поседува најмалку диплома BSc/BA во релевантна област како што се бизнис администрација, маркетинг, агроекономија, прехранбена технологија, општествени науки или друга сродна дисциплина.
2. Релевантно искуство
• Најмалку 3 години искуство во обуки за пазарни поврзувања (пазарни поврзувања, развој на вредносен синџир или аграрен маркетинг).
• Најмалку 3 години искуство во спроведување активности за градење капацитети, како што се работилници, програми за обука или други форми на пренос на знаење, по можност насочени кон мали производители или оператори во прехранбениот сектор.
• Најмалку 3 години искуство во бизнис развој и маркетинг, вклучително и стратегии за зголемување на видливоста и продажбата на производите.
Постапка за аплицирање:
Заинтересираните кандидати за ова ToR треба да ги поднесат следниве мандаторни документи:
• Ажурирана биографија со јасно наведено искуство на слични ангажмани (детализирано CV со релевантно искуство на консултантот, вклучително конкретни примери за работа поврзана со производство на безбедна храна и список на ангажмани што ја демонстрираат експертизата во спроведување работилници, програми за обука, стандардизација и квалификација за извозни пазари, со јасно рефлектирање на усогласеноста со Мандаторните технички критериуми / Професионално искуство).
• Финансиска понуда, со наведена бруто дневна цена и бруто цена за експертот за сите работни денови, изразена во МКД со вклучен персонален данок.
• Потпишана изјава за односи.
Понудите треба да се испратат истовремено на двете е-маил адреси: vidanka.martinovska@nff.org.mk и nff@nff.org.mk, најдоцна до 16.12.2025.
Сите прашања може да ги упатите на vidanka.martinovska@nff.org.mk најдоцна до 11.12.2025.
Целиот повик е објавен подолу во објавата како PDF документ.
Market Linkages Expert
Stay In Touch