DIVAGRI е акционен истражувачки проект кој има за цел да ја подобри продуктивноста на земјоделските производители преку воведување на седум нови технологии во земјоделското производство, но и подобрување на соработката помеѓу производителите и индустријата, како и зачувување на животната средина. Треба да се истакне дека, концептот на проектот DIVAGRI е вграден во пошироката глобална транзиција кон кружна биоекономија, и тоа преку изградба на одржливи локални практики, заедничко развивање на избрани био базирани технологии и нивно интегрирање во земјоделско-прехранбениот сектор. За таа цел, проектот DIVAGRI предлага широк спектар на биолошки иновативни решенија прилагодени на специфичните услови во целните земји, но и пошироко.
Целите на DIVAGRI се темелат на обнова на екосистемот и подобрувањето на земјоделските практики вклучувајќи био-базирани решенија како што се искористување на биомасата и отпадоци од биомасата во соединенија со висока вредност како и иновативниот систем за микронаводнување базиран на глина “SLECI” (Self-regulating / саморегулирачки, Low-Energy / ниско-енергетски, Clay based / базиран на глина, Irrigation / систем за наводнување) ова се само некои од решенијата развиени од страна на DIVAGRI.
Тимот на експерти од Факултетот за земјоделски науки и храна во состав на УКИМ во Скопје, активно придонесува кон развојот на иновативните и одржливите решенија кои произлегуваат од овој проект, како и во нивна промоција кај производителите во нашата држава, но и пошироко преку соработка со меѓународни организации и истражувачки иницијативи, но и учества на работилници и симпозиуми.
Така, во рамките на 5от Меѓународен симпозиум за земјоделство и храна ISAF 2025 кој се одржа од 8 до 10 октомври 2025 година во Охрид, Република Северна Македонија, на кој активно учествуваа повеќе од 20 земји, меѓу кои и партнери од проектот DIVAGRI од Јужна Африка, Боцвана, Бугарија и Северна Македонија, беа споделени дел од резултатите од проектот, како и искуства во унапредувањето на одржливото земјоделство и прехранбените системи. Во рамките на симпозиумот, проектот DIVAGRI организираше своја посебна сесија со наслов „Biobased Technologies for Climate-Resilient Farming“. Вкупно беа презентирани 13 трудови од активности спроведени во рамките на проектот DIVAGRI, од кои 11 усни презентации и 2 постер-презентации. Оваа сесија ги истакна иновативните биобазирани решенија и заедничките напори насочени кон зајакнување на климатската отпорност и одржливоста во земјоделските практики.
The DIVAGRI project has received funding from the European Union’s Horizon 2020 Research and Innovation Programme under grant agreement No 101000348. This publication reflects the views only of the author, and the European Union cannot be held responsible for any use, which may be made of the information contained therein.
ШЕСТО соопштение DIVAGRI
Stay In Touch