07.11.2025

 

Вовед

 

Националната федерација на фармери (НФФ), како најголема земјоделска организација во земјата која ги претставува и застапува интересите на земјоделците, семејните земјоделски стопанства, локалните земјоделски здруженија и земјоделските задруги, планира да одржи на 4 дводневни обуки во рамките на проектот „Организациски развој на НФФ и подобрување на пазарните врски за малите фармери и производители од руралните средини со цел зголемување на приходите“, поддржан од Шведска и Шведската организација за развој We Effect.

Планирани се вкупно 4 дводневни обуки во Велес, при што на секоја обука ќе учествуваат до 25 лица, односно вкупно до 100 учесници.

Обуките ќе се одржат на  следните датуми:

  • 28-29 Ноември 2025
  • 3-4 Декември 2025
  • 5-6 Декември 2025
  • 10-11 Декември 2025  

Обуките се наменети за едукација на земјоделци и мали оператори со храна, со фокус на стандардизација како предуслов за извоз и пласман на странските пазари како и едукација на земјоделците за безбедност на храна.

 

  1. Предмет на понуда

 

Национална федерација на фармери за потребите на одржување на 4 дводневни обуки  има потреба од:

  1. Сместување за 21 учесници во еднокреветна соба на база полн пансион во (1 FB еднокреветна соба/по лице) на 28-29 Ноември 2025, 3-4 Декември, 5-6 Декември, 10-11 Декември 2025
  2. Користење на салa за обуките со капацитет за 25 лица на 28-29 Ноември 2025, 3-4 Декември, 5-6 Декември, 10-11 Декември 2025

Поставеност на седење во П систем, опремена со флип чарт и проектор

  1. Кафе пауза (вкупно 4 кафе паузи) по обука
  2. Вода во сала за учесниците за времетраење на обуките
  3. Дополнителен оброк (ручек) на вториот ден на обуките за 25 лица/по обука. И тоа на датум: 29 Ноември, 4 Декември, 6 Декември, 11 Декември 2025

  

  • Содржина на понуда
  • Финансиска понуда

 

Финансиската понуда треба да содржи:

 

  1. Цена за сместување во еднокреветна соба на база полн пансион FB по лице

Во цената за полн пансион да биде вклучен 1 безалкохолен пијалок за време на ручек и 1  безалкохолен пијалок за време на вечера.

 

  1. Цена за користење на сала со капацитет за 25 лица

Слика од салата и/или опис информација за капацитетот и опременоста.

 

  1. Цена за кафе пауза (кафе, чај  и вода) по лице

 

  1. Цена за вода во сала

 

  1. Цена за дополнителен оброк (ручек)/ по лице (со вклучен 1 безалкохолен пијалок)

 

Цената потребно е да е изразена во македонски денари (мкд) со вклучен ДДВ и информација за валидност на понудата.

Доколку ДДВ-то не е вклучено во цената, Ве молиме наведете.

 

 

  1. Рок и начин на поднесување на понуда

Краен рок за доставување на понудите е до  13.11.2025

Понудите задолжително се доставуваат на две е-маил адреси vidanka.martinovska@nff.org.mk и nff@nff.org.mk.

 

Понудите доставени по истек на крајниот рок, како и понудите кои не се во согласност со барањeто нема да бидат земени в предвид.

 

  1. Информации

За сите дополнителни информации или одредени прашања Ве молиме обратете ни се на следниот е-маил: vidanka.martinovska@nff.org.mk или на телефонскиот број 071-279-023 најдоцна до 11.11.2025 година.

 

  1. Критериуми за избор

Задолжителни барања: Понудата да е целосно во согласност со барањето.

Хотелот да располага со бараниот капацитет на соби за сместување на учесниците во бараните термини

Хотелот да располага со сала за одржување на обуките/состанокот во бараните термини

 

При изборот на најповолна понуда ќе се применува критериумот – економска поволност на понудатa, при што принципот “најдобра вредност за парите” се зема во предвид, што во случајот подразбира најевтина цена доколку задолжителните барањата од понудата се задоволени.

 

  • Начин на плаќање

Национална федерација на фармери со избраниот добавувач ќе склучи договор за еднократна соработка.
Исплатата  ќе биде извршена во рок од 3 работни дена по испорачаните услуги и доставена фактура за истите.