31.07.2025

Националната федерација на фармери во рамките на проектот „Поддршка на малите земјоделци во Република Северна Македонија – Core support for NFF“, поддржан од We Effect и Шведска, распишува отворен повик за ангажирање на компанија за подготовка на четири (4) анимирани видеа кои ќе го објаснат влијанието на климатските промени врз земјоделството во Северна Македонија и ќе предложат практики за адаптација за малите земјоделци, врз основа на анализите подготвени од НФФ.

– Првото видео се однесува на земјоделството — влијанието на климатските промени врз земјоделството во Северна Македонија и политички препораки за ублажување и адаптација во земјоделскиот сектор.

– Второто видео е за наводнувањето во земјоделството.

– Третото видео го обработува влијанието на климатските промени врз ранливите групи.

– Четвртото видео се однесува на горење на стрништа, што претставува закана за земјоделството и предизвикува пожари.

Барани квалификации

Задолжителни технички критериуми:

– Најмалку 3 години професионално искуство во продукција на видеа и 2D анимација

– Најмалку 3 успешно испорачани проекти со анимација, по можност во областите образование, животна средина или земјоделство

– Силни вештини за раскажување на приказна и визуелна комуникација

– Искуство во работа со граѓански организации или земјоделски здруженија ќе се смета за предност

Постапка за аплицирање:

Заинтересираните страни треба да ги достават следниве задолжителни документи:

– Ажурирано портфолио на компанијата (со јасно наведени претходни слични ангажмани) – Финансиска понуда. Понудата треба да биде изразена во МКД со вклучен ДДВ.

– Потпишана изјава за релации

Понудите треба да се достават по електронска пошта на: vidanka.martinovska@nff.org.mk и nff@nff.org.mk, најдоцна до 30.08.2025. Сите прашања може да се испратат на vidanka.martinovska@nff.org.mk најдоцна до 11.08.2025.

Целиот повик е објавен подолу во објавата како PDF документ

ToR video production company for preparation of 4 videos for climate changeVM