31.07.2025
Националната федерација на фармери во рамките на проектот „Поддршка на малите земјоделци во Република Северна Македонија – Core support for NFF“, поддржан од We Effect и Шведска, распишува отворен повик за ангажирање на експерт/ка за подготовка на сет документи за услуги наменети за членството на Националната федерација на фармери.Севкупна цел е да се дизајнира и предложи сеопфатен пакет на услуги за членовите на НФФ, насочен кон потребите на малите земјоделци и нивните здруженија во следниве области:лобирање и застапување, едукација и обука, пристап до информации, планирање на производство и стандарди, подготвеност за пазар и поврзување со пазар (особено со домашниот пазар). Документите треба да бидат подготвени на македонски јазик.
Барани квалификации
Задолжителни технички критериуми:
1. Образование:
– Експертот мора да има минимум диплома од прв циклус (BSc/BA) во политички науки, општествени науки, економија, земјоделство или агробизнис
2. Професионално искуство:
– Најмалку 3 години професионално искуство во дизајнирање и имплементација на услуги за поддршка
– Искуство во работа со граѓански организации и членски здруженија
– Познавање на домашните земјоделски пазари и синџири на вредности
– Силни комуникациски и фасилитаторски вештини
Вештини на експертот:
– Одлични аналитички и писмени вештини на англиски и македонски јазик
– Способност за презентација на информации и ефективно презентирање на наоди, идеи и препораки пред различни засегнати страни
Постапка за аплицирање:
Заинтересираните страни за оваа ToR треба да ги достават следниве задолжителни документи:
– Ажурирано портфолио/биографија (CV) со јасно наведени слични работни задачи (вклучувајќи референци на документи, анализи, извештаи, истражувања и слично)
– Финансиска понуда во МКД, со вклучени сите трошоци: дневен надомест за експерт, применливи даноци, патни трошоци, сместување, дневници итн.
– Потпишана изјава за релации
Понудите треба да се достават по електронска пошта на vidanka.martinovska@nff.org.mk и nff@nff.org.mk, најдоцна до 30.08.2025. Сите прашања може да се испратат на vidanka.martinovska@nff.org.mk најдоцна до 11.08.2025.
Целиот повик е објавен подолу во објавата како PDF документ
ToR for expert for NFF Services (1)
Stay In Touch