Како хобито станува извор на доход? Како руралните жени ги претвораат секојдневните вештини во економска можност? Како од вештина се создава занает, а од идеја – сопствен бизнис? Како невладиниот сектор може директно да помогне на терен во насока на економско јакнење на жените од руралните средини? Во ова видео е прикажано како руралните жени кои, со поддршка на алатката ProfilPASS, го направија првиот чекор кон економска самостојност и личен развој. Со јасна цел, менторска поддршка и индивидуален план, тие го градат својот пат кон успехот.72 жени ги дефинираа своите цели преку ProfilPASS, a 32 веќе направиja конкретни чекори кон нивната реализација. Проектот „Подобрување на вработливоста на руралните жени преку ProfilPASS“ е спроведен од Националната федерација на фармери, со поддршка од регионалните проекти „Социјално вклучување на ранливите групи во Западен Балкан“ и „Поддршка на диверзификацијата на економските активности во руралните подрачја во Југоисточна Европа“, спроведени од Германско друштво за меѓународна соработка – ГИЗ.
Stay In Touch