Во рамки на проектот „Организациски развој на НФФ и подобрување на пазарните врски за малите фармери и производители од руралните средини со цел зголемување на приходите“, поддржан од We Effect и Шведска, во месец јуни НФФ организираше две дводневна обука на на тема: Пазарни можности, пазарна динамика и побарувачка за постојните потсектори за мали фармери, можност за формирање на групи на производители, брендирање и етикетирање на земјоделските производи
Целта на обуките беше да се зајакнат капацитетите на малите фармери и локалните производители за подобро позиционирање на пазарот, препознавање на можностите за здружување, како и зголемување на вредноста на нивните производи преку брендирање и етикетирање.
Во рамките на обуките беа презентирани и измените на Законот за земјоделство и рурален развој, со посебен акцент на организациите на производители, како важен инструмент за заедничко настапување на пазарот, полесен пристап до поддршка и зголемување на приходите.
Stay In Touch