24.04.2025
1.Вовед
Националната федерација на фармери (НФФ), како најголема земјоделска организација во земјата која ги претставува и застапува интересите на земјоделците, семејните земјоделски стопанства, локалните земјоделски здруженија и земјоделските задруги, планира организација на две дводневни работилници во рамките на проектот „Организациски развој на НФФ и подобрување на пазарните врски за малите фармери и производители од руралните средини со цел зголемување на приходите“, поддржан од Шведска и Шведската организација за развој We Effect.
Работилниците ќе се одржат на 20-21 Јуни 2025 и 27-28 Јуни 2025 година, со цел едукација на земјоделците / мали оператори за храна во делот на етикетирање, брендирање, пазарни можности, пазарна динамика и побарувачка за постојните потсектори за мали фармери, како и можноста за формирање на групи на производители. На секоја обука се предвидува учество на 18 земјоделци, односно вкупно 36 учесници по обука плус учество на претставник од НФФ и обучувачи.
Со цел одржување на овие дводневни работилници НФФ има потреба од ангажирање на хотел за одржување на 2 дводневни работилници, кои ќе се одржат на 20-21 Јуни 2025 и 27-28 Јуни 2025 година.
2. Предмет на понуда
Национална федерација на фармери за потребите на одржување на двете дводневни работилници има потреба од:
- Сместување за 20 учесници во еднокреветна соба на база полн пансион во (1 FB еднокреветна соба/по лице) на 20- 21 Јуни 2025 и 27-28 Јуни 2025 година
- Користење на салa за обуката со капацитет за 20 лица на 20-21 Јуни 2025 и 27-28 Јуни 2025 година
Поставеност на седење во П систем, опремена со флип чарт и проектор
Кафе пауза (вкупно 3 кафе паузи)
- Вода во сала за учесниците за времетраење на работилниците
- Дополнителен оброк (ручек) за 20 лица на 21 Јуни 2025 и 28 Јуни 2025
3. Содржина на понуда
3.1.Финансиска понуда
Финансиската понуда треба да содржи:
- Цена за сместување во еднокреветна соба на база полн пансион FB по лице
Во цената за полн пансион да биде вклучен 1 безалкохолен пијалок за време на ручек и 1 безалкохолен пијалок за време на вечера.
- Цена за користење на сала со капацитет за 20ица
- Цена за кафе пауза (кафе, чај и вода) по лице
- Цена за вода во сала
- Цена за дополнителен оброк (ручек)/ по лице (со вклучен 1 безалкохолен пијалок)
Цената потребно е да е изразена во македонски денари (мкд) со вклучен ДДВ и информација за валидност на понудата.
Доколку ДДВ-то не е вклучено во цената, Ве молиме наведете.
3.2.Изјава за непостоење на конфликт на интерес. Хотелот треба на меморандум во слободна форма да достави потпишана изјава во која ќе наведе дали има остварено претходна соработка со Национална федерација на фармери и/или нејзини вработени лица, дали постојат лични/деловни односи со вработените и менаџментот на организацијата и нејзини тесно поврзани страни. Дополнително во вториот дел на изјавата треба да се наведе дали за поднесување на понудата постои/непостои судир на интереси (скенирана копија).
4.Рок и начин на поднесување на понуда
Краен рок за доставување на понудите е до 07.05.2025
Понудите задолжително се доставуваат на две е-маил адреси vidanka.martinovska@nff.org.mk и nff@nff.org.mk.
Понудите доставени по истек на крајниот рок, како и понудите кои не се во согласност со барањeто нема да бидат земени в предвид.
5.Информации
За сите дополнителни информации или одредени прашања Ве молиме обратете ни се на следниот е-маил: vidanka.martinovska@nff.org.mk или на телефонскиот број 071-279-023 најдоцна до 02.05.2025 година.
6. Критериуми за избор
Задолжителни барања: Понудата да е целосно во согласност со барањето.
При изборот на најповолна понуда ќе се применува критериумот – економска поволност на понудатa, при што принципот “најдобра вредност за парите” се зема во предвид, што во случајот подразбира најевтина цена доколку задолжителните барањата од понудата се задоволени.
7. Начин на плаќање
Национална федерација на фармери со избраниот добавувач ќе склучи договор за еднократна соработка.
Исплатата ќе биде извршена во рок од 3 работни дена по испорачаните услуги и доставена фактура за истите.
Stay In Touch