8.04.2025

Националната федерација на фармери во рамки на проектот „Организациски развој на НФФ и подобрување на пазарните врски за малите фармери и производители од руралните средини со цел зголемување на приходите“, поддржан од We Effect и Шведска, распишува јавен повик за ангажирање на експерт за одржување на обуки за етикетирање и брендирање.Експертот ќе биде ангажиран вкупно 18 работни денови во периодот од 15 мај 2025 до 31 јули 2025 година.

Квалификациски барања
Задолжителни технички критериуми:

Образование
• Универзитетска диплома: Експертот мора да поседува минимум диплома од прв циклус BSc/BA во релевантна област како што се бизнис администрација, маркетинг, економија, прехранбени науки, општествени науки или друга сродна дисциплина.

Релевантно искуство
• Најмалку 5 години искуство во бизнис развој, маркетинг, промоција, вклучително и брендирање и етикетирање
• Најмалку 3 години искуство во спроведување на активности за градење капацитети, како што се работилници, програми за обука или други форми на пренос на знаење

Постапка за аплицирање:
Заинтересираните кандидати за овој Термин на референца треба да ги достават следниве задолжителни документи:
• Ажурирана биографија (CV) со јасно наведено искуство на слични задачи (Детално CV во кое се прикажува релевантното искуство на консултантот, вклучувајќи конкретни примери од работа поврзана со брендирање и етикетирање и листа на задачи кои ја демонстрираат експертизата во спроведување на работилници, обуки и активности поврзани со брендирање или етикетирање, со јасно рефлектирање на исполнетоста на задолжителните технички критериуми / професионално искуство)
• Финансиска понуда, со наведена бруто дневница и вкупен бруто надомест за сите работни денови, искажани во МКД со вклучен персонален данок
• Потпишана декларација/изјава за непостоење на конфликт на интерес

Понудите задолжително да се достават на двете е-mail адреси: vidanka.martinovska@nff.org.mk и nff@nff.org.mk најдоцна до 28.04.2025.

Сите прашања можат да се испратат на е-пошта: vidanka.martinovska@nff.org.mk најдоцна до 24.04.2025.

Целиот повик е објавен подолу во објавата како PDF документ.

Loading...