8.04.2025

Националната федерација на фармери во рамки на проектот „Организациски развој на НФФ и подобрување на пазарните врски за малите фармери и производители од руралните средини со цел зголемување на приходите“ поддржан од We Effect и Шведска распишува јавен повик за Експерт за одржување на обуки за пазарни можности, пазарна динамика и побарувачка за постојните потсектори за мали фармери и можноста за формирање на групи на производители. Експертот ќе биде ангажиран вкупно 25 работни денови во периодот од 15 мај 2025 до 31 јули 2025 година.

Квалификациски барања

Задолжителни технички критериуми:

Образование
• Универзитетска диплома: Експертот мора да поседува минимум диплома од прв циклус BSc/BA во релевантна област како што се бизнис администрација, маркетинг, економија, прехранбени науки, општествени науки или друга сродна дисциплина.

Релевантно искуство
• Најмалку 5 години искуство во бизнис развој, маркетинг и промоција
• Најмалку 3 години искуство во спроведување на активности за градење капацитети, како што се работилници, програми за обука или други форми на пренос на знаење

Постапка за аплицирање:

Заинтересираните кандидати за оваа Терминот на референца треба да ги достават следниве задолжителни документи:
• Ажурирана биографија (CV) со јасно наведено искуство на слични задачи (CV-то треба да ги истакне релевантните квалификации, искуство и вештини на експертот, особено во областа на пазарни можности и обуки за градење капацитети, со јасно рефлектирање на исполнетоста на задолжителните технички критериуми / професионално искуство)
• Финансиска понуда, со наведена бруто дневница и вкупен бруто надомест за сите работни денови, искажани во МКД со вклучен персонален данок
• Потпишана декларација/изјава за непостоење на конфликт на интерес

Понудите задолжително да се достават на двете е-mail адреси: vidanka.martinovska@nff.org.mk и nff@nff.org.mk најдоцна до 28.04.2025.
Сите прашања можат да се испратат на е-пошта: vidanka.martinovska@nff.org.mk најдоцна до 24.04.2025.

Целиот повик е објавен подолу во објавата како PDF документ.

Loading...