28.03.2025
Националната федерација на фармери во рамките на проектот „Поддршка на малите земјоделци во Република Северна Македонија – Core support for NFF“, поддржан од We Effect и Шведска, распишува отворен повик за ангажирање на надворешен консултант за изработка на извештај (shadow report) за Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација врз жените (CEDAW) и најновиот Извештај за напредок на ЕУ, со фокус на руралните жени во Република Северна Македонија.
Квалификациски барања
I. Задолжителни технички критериуми:
-
Образовни квалификации:
-
Експертот/ка мора да поседува најмалку диплома BSc/BA по родови студии, човекови права, право, политички науки, општествени науки или сродна област.
2. Професионално искуство:
-
Најмалку 5 години професионално искуство во областа на родова еднаквост, рурален развој, човекови права или сродни области.
-
Докажано искуство во изготвување на извештаи за CEDAW или слични алтернативни извештаи, истражувања и анализи.
-
Добро познавање на родовите прашања и креираните политики во Република Северна Македонија.
Вештини на експертот:
-
Силни аналитички и писмени вештини на англиски и македонски јазик.
-
Способност за јасно презентирање информации и ефективно презентирање на наодите, идеите и препораките пред различни засегнати страни.
Постапка за аплицирање:
Заинтересираните кандидати за овај ТоР треба да ги достават следниве задолжителни документи:
-
Ажурирано CV кое јасно укажува на работа на слични задачи (вклучително со референци на документи, анализи, извештаи, истражувања и слични задачи).
-
Кратка предложена методологија за спроведување на задачата и изработка на резултатите.
-
Финансиска понуда во МКД, која ги вклучува сите трошоци: дневен хонорар на експертот, применливи даноци, патни трошоци, сместување, дневници итн.
- Потпишана декларација/изјава за непостоење на конфликт на интерес
-
Рок за поднесување на понудите:
Апликациите треба да се испратат задолжително на двата мејла: biljana.petrovska@nff.org.mk и nff@nff.org.mk најдоцна до 16.04.2025.
Прашања во врска со повикот можат да се испраќаат на: biljana.petrovska@nff.org.mk до 11.04.2025.
Stay In Touch