Во текот на декември Националната федерација на фармери (НФФ) го одржа редовниот состанок на Управниот одбор, каде што се разгледуваа реализираните активности на организацијата, како и плановите за претстојната 2025 година. Посебен акцент беше ставен на подготовките за организација на Генералното собрание на Федерацијата, кое ќе биде еден од главните настани за следната година. Исто така, на состанокот посебно внимание беше посветено на организациите на производители, што претставува клучен сегмент од проектот „Организациски развој на НФФ и подобрени пазарни врски за малите фармери и производители од руралните области“. Овој проект се реализира со поддршка од Шведска и Шведската организација за развој We Effect и има за цел зајакнување на малите производители преку подобрување на нивните пазарни врски и организациски капацитети. НФФ продолжува со своите активности насочени кон унапредување на положбата на фармерите и развојот на руралните средини, посветено работeјќи за решавање на предизвиците со кои се соочуваат малите земјоделци во Македонија.
Stay In Touch