📅 14 декември 2023 (сабота)
📍 Скопје City Mall, прв кат
🕙 10:00 – 19:00 часот

Подгответе се за гастрономско патување низ најдоброто од македонската традиционална храна на Саемот „Домашно, природно, вкусно“. Оваа уникатна можност ќе ве поврзе со автентичните вкусови на нашите рурални заедници, претставени од вредните раце на земјоделките и земјоделците.

На штандовите ќе ве пречекаат најразновидни домашни производи: лутеници, ајвар, природни сокови, путери, мармалади, маџун, мед, макала!

Овој саем е повеќе од изложба – тој е место за поддршка на домашното производство, поттик за еднаквост и интеграција, и вистинска шанса да дознаете повеќе за важноста на локалната храна. За најмладите, организираме и детска работилница со наслов „Да ја зачуваме природата, која ја обезбедува нашата храна“ – едукативно искуство што ќе инспирира грижа за околината.

Саемот е организиран од Националната федерација на фармери и Скопје City Mall, со поддршка од Шведска и организацијата We Effect преку проектот „Организациски развој на НФФ и подобрени пазарни врски за малите фармери и производители од руралните области“.

Ве покануваме да бидете дел од овој настан, да ги поддржите нашите рурални производители и заедно да го славиме македонското традиционално, природно и вкусно!