Отворен повик бр.5/2024 за ангажирање на агенција за маркетинг, односи со јавност, промоција и организација на настани/организирање на саеми
Проект: „Организациски развој на НФФ и подобрени пазарни врски за малите фармери и производители од руралните области со цел зголемен приход“
Датум на објава: 17.06.2024
Позадина
Националната федерација на фармери ја претставува најголемата мрежа на фармери и земјоделски организации во земјата. Целата институционална меморија и искуство ја наследи од Федерацијата на фармери на РМ. Тој ги обединува напорите на 43 локални земјоделски организации и задруги, кои го претставуваат гласот на повеќе од 3.000 членови и соработуваат со речиси сите клучни чинители во секторот земјоделство и агробизнис.
Националната федерација на фармери го прошири опсегот на дејствување. Тоа значи дека покрај земјоделците, земјоделските здруженија и земјоделските задруги, организацијата продолжи да ги зајакнува и поддржува ранливите категории во руралните средини, поголема поддршка за младите и жените и нивно директно вклучување во развојот на земјоделството преку одлучување и активно делување.
Покрај земјоделството, еден од главните фокуси на организацијата е и руралниот развој, односно справување со проблемите и предизвиците со кои се соочува руралното население, како што се сиромаштијата и ограничените пристапи на руралното население до здравствените услуги, образованието, правото за информирање и моќ на одлучување.
Главниот столб на дејствување е лобирање за дефинирање на проблемите од терен и со заедничка работа и анализа ќе се презентира пред надлежните институции за изнаоѓање заедничко решение, кое е во интерес на земјоделците и благосостојбата на целата наша држава.
Фокусот на Националната организација на фармери, која ќе продолжи да функционира под слоганот „Заедно за успех“ и логото што го симболизира трудот и производството на нашите земјоделци, е решавање на најголемите проблеми, а тоа е пласманот и квалитетното производство. Мисијата на ребрендираната организација е ОРГАНИЗИРАН ФАРМЕР ЛИДЕР ВО ЗЕМЈОДЕЛСКИОТ И РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. Визијата кон која се стремиме е – ПРОФИТАБНО ЗЕМЈОДЕЛСТВО – СТАБИЛНО СЕЛО.
Од мај 2021 година, НФФ го спроведува проектот „Организациски развој на НФФ и подобрени пазарни врски за малите фармери и производители од руралните области со цел зголемен приход“ кој е поддржан од Sida и We Effect.
Очекуваните резултати од проектот се следните:
Резултат 1: Руралните претпријатија, малите земјоделци/производители, растат и обезбедуваат повеќе приходи и можности за вработување за луѓето од руралните средини, особено за жените и младите. Фокусот овде ќе го олесни пристапот до пазарот за актерите кои ги зајакнуваат руралните жени и млади. Во моментов, пазарните врски за продажба на производи се прекинати за малите земјоделци/производи, што доведува до низок приход на руралната целна група, што ги турка во сиромаштија.
Резултат 2: Зголемени организациски капацитети и финансиска одржливост на НФФ. Како организација заснована на членство, НФФ ги застапува интересите на земјоделците и руралното население во земјата. Таа има развиено членство со збир на бесплатни услуги на кои само членовите имаат право. Во последните неколку години како резултат на претходниот проект за Институционална поддршка на НФФ, организацијата ја подобри својата внатрешна организација, управување, воведе процедури, книга на правила, книга на однесување и други административни и управувачки алатки кои ги подобрија перформансите и влијанието на нашата работа. Фокусот овде е организацискиот развој и финансиската одржливост како клучна за да се продолжи со активностите за лоби и застапување и да се развијат нови услуги за да се обезбедат нови извори на приход.
Предмет на набавка
Главната цел на оваа набавка е ангажирање на Агенција за маркетинг, односи со јавноста и промоција и менаџмент на настани /организирање на 1 саем и изнајмување на штандови за 1 саем (саем на отворено) кој ќе се одржи во Скопје за време на викенд со времетраење од 1 ден, во периодот август-септември 2024.
Активноста се спроведува во рамките на интервенцијата за „Група на производители“ дел 3- Подобрување на пазарните врски за малите земјоделци со цел обезбедување на постојан и стабилен пазар за нивното производство.
Оваа интервенција е дел од проектот „Организациски развој на НФФ и подобрени пазарни врски за малите фармери и производители од рурални средини со цел зголемен приход“.
На саемот ќе бидат изложени производи од домашно производство (природни сокови, мед, пчелни производи, маџун, лутеница, ајвар, путер од јаткасти плодови, мармалади, ракотворби и домашна козметика) кои ќе се нудат на потенцијалните потрошувачи.
Целта на задачата е да се создадат можности за директна продажба, да се скрати синџирот на снабдување, да се зголеми приходот, да се зголеми конкурентноста на производите со додадена вредност произведени од мали земјоделци, пристап до нови пазари, воспоставување потенцијални пазарни врски кои би можеле да овозможат планирано производство во иднина за малите земјоделци.
- Ангажирањето на Агенција за маркетинг, односи со јавност и промоција во однос на организирање на опрема за саемот ќе вклучува:
√ подготовка на концепт за саемот
√ 30 саемски штандови на кои ќе бидат изложени земјоделски производи и преработки
√ соодветна опрема за седење на изложувачите
√ звучна опрема
√ водоотпорни шатори/тенди како заштита од дожд, сонце и ветер. Бројот на шатори да одговара на потребите за 30 саемски штандови
√ Саемски додатоци (информативни табли А3 формат за видливост на настанот и патокази кон настанот)
√ Целосно планирање на поставеноста на саемските штандови и шатори/тенди
√ Целосно управување со саемот
√ Подготовка на мапа на саемот
√ Организација на детско катче (обезбедување на катчето со материјали за цртање)
- Ангажирање на Агенција за маркетинг, односи со јавност и промоција сеследните:
√ подготовка на соопштенија за медими
√ фотографирање и уредување фотографии од саемот
√ дизајн на покана и агенда за саемот
√ дизајн на банер за саемот за социјалните медиуми
√ организирање интервјуа за медиумите
√ промоција на настанот на социјалните медиуми/креирање на содржините за социјалните медиуми
√ координација на саемот
√ подготвување онлајн приказни со цитати и слики од учесниците кои ќе учествуваат на настанот
√ промотивен видео клип (времетраење од 1 мин.) пред саемот
√ промотивен видео клип (времетраење од 1 мин.) по завршување на саемот
√ подготовка на пресклипинг и social media outreach за саемот
Очекувани испораки се:
1) Обезбедени саемски штандови, опрема и додатоци за саемот
2) Подготвен концепт за саемот
3) Пресклипинг од медиуми и извештај од социјалните мрежи за саемот
4) Финален извештај од 1 саем
Очекувано времетраење на договорот
Агенцијата ќе биде ангажирана во периодот од 31 Јули 2024 до 30 Септември 2024.
Патни трошоци и трошоци за сместување
N/A. Не е применливо за оваа набавка.
Координација и известување
Ангажираната агенција ќе поднесе извештај директно до Координаторот за организациски развој за време на ангажманот и задачите извршени во текот на ангажманот.
Услови за квалификацијa:
Задолжителни технички критериуми:
- Минимум 3 години професионално искуство во односи со јавност, промоција, маркетинг и организација на настани/организирање на саеми
- Портфолио на организирани 3 саеми на национално или меѓународно ниво
- Работно искуство со невладин сектор
Процедура за апликација:
Заинтересираните компании за оваа набавка мора да ги достават следните документи:
Ажурирано портфолио (кое укажува на организација на саеми, управување со настани, промоција и односи со јавност)
Тековна состојба на компанијата издадена од Централен регистар, не постара од 6 месеци
Финансиска понуда. Понудата треба да биде изразена поединечно за наем на саемска опрема и промоција на саемот. Понудата да биде изразена во денари со вклучен ДДВ (Пополнете формулар за финансиска понуда).
Потпишана декларација/изјава за непостоење на конфликт на интерес
Понудите да се достават на две емеил адреси истовремено nff@nff.org.mk and vidanka.martinovska@nff.org.mk најдоцна до 8 Јули 2024 (Понеделник).
Сите прашања за оваа набавка можат да бидат поставени на емаил vidanka.martinovska@nff.org.mk.
Евалуација на понуди
Понудите со некомплетна документација и/или понуди пристигнати по истекот на рокот нема да бидат земени предвид.
Понудите ќе се оценуваат според следните критериуми:
Принципот на најдобра вредност за парите ќе биде земен предвид со користење на метод на комбинацијата од професионално искуство и претходната работа на слични задачи (60%) и финансиската понуда (40%).
Услови за плаќање
Плаќањето ќе биде на следниот начин: 30% аванс по потпишување на договорот и 70% по завршена задача/и од договорената компанија. Откако испораките ќе бидат доставени од ангажираната компанија како што е наведено во Дел IV- Координација и одобрени од координаторот за организациски развој, односно проект менаџерот на НФФ, ќе биде исплатен преостанатиот износ (70%).
Изјава за конфликт на интерес
Компанијата ќе наведе дали тој има какви било деловни или лични односи со тесно поврзаните страни од НФФ и регионална канцеларија на We Effect во Скопје, нејзините управни тела и вработени или со слични тела/лица на клиентот (НФФ).
Тесно поврзана страна (физичко или правно лице) според дефиницијата на We Effect се смета лице кое има можност да врши контрола или значително влијание врз другото лице кога станува збор за финансиско и оперативно одлучување во врска со некоја активност. Целта на Изјавата е да ги открие таквите информации што го прават процесот на аплицирање и евалуација потранспарентен и ги поддржува понудите во нивната релевантност според условите на отворениот пазар.
MSD ToR PR agency and rent of fair stands (1)ФОРМУЛАР ЗА ФИНАНСИСКА ПОНУДА
Stay In Touch