Ние сме почетници во применувањето на методот “Едно село – еден производ” во нашата држава. Нашата цел е да креираме препознатлив бренд за селото Тимјаник во Неготино, посебно за производството на квалитетен маџун. Во овој процес, учествуваат земјоделки и производителки на маџун, членки на нашето локално здружение “Шира”.
Оваа интервенција се реализира преку Националната федерација на фармери, со поддршка од Јапонската Агенција за Меѓународна Соработка (JICA), во рамки на проектот “Развој на локална индустрија во земјоделските региони преку зајакнување на капацитетите на менаџмент и маркетинг”.
Методологијата “Едно село – еден производ” веќе е успешно имплементирана во Јапонија и има за цел да креира брендови кои ќе бидат препознатливи за локалните региони, истовремено ќе ги засили и развие нивните економии.
Stay In Touch