Националната федерација  на фармери на 14 февруари присуствуваше во Обединетите нации (ОН) во Женева, каде што се одржува претсесијата на четвртиот циклус на Универзалниот периодичен преглед (УПП) за Северна Македонија, и НФФ преку официјална изјава дадена од наша страна ги истакна значајните предизвици и препораки во насока на подобрување на животот на руралното населени со посебен фокус на жените, млади и лицата со попречености во руралните средини. Во самата изјава посебен фокус се даде на руралната сиромаштија преку која се дадоа податоци од мултидимензионалната анализа за сиромаштија во РСМ која се подготвува на национално ниво од страна на НФФ со подршка на Шведската организација за развој We Effect и дискриминацијата за маргинализираните групи ( жени, млади и лица со попречености) во руралните средини.

Она што го потенциравме е дека климатските промени и неорганизираниот пласман се основен проблем за земјоделците, во таа насока потребни се мерки за потикнување на договорното производство, развој на кооперативите и групи на производители. Воедно се потребни поддршки за адаптација на земјоделството на новите климатски услови кои ги зголемуваат производствените трошоци на земјоделците и се голем предизвик за нив.

Во оваа насока ги дадовме следните препораки за државата:

1.Да се имплементираат начелата од ООН Декларацијата за селани и другите лица кои живеат во руралните средини посебно членовите 3, 6, 11, 13, 14, 16, 18

2.Да се овозможат политики и програми кои се насочени кон пристапот до основни услуги како здравство, образование, социјални услуги, вработливост и инфраструктура во селските области. Тоа треба да вклучи развој на јавниот превоз и патните мрежи, комуникацииите, образовниот и здравствен систем и системите за наводнување што е во согласност со Целите за одржлив развој 1, 2.3, 3, 13.1, 13.2 и 13.3 .

3.Да се креираат финансиски подршки (субвенции) во насока на стимулација на договорното производство, земјоделските задруги и групите на производители.

4.Да се имплементира донесениот Закон за советодавни услуги во земјоделството во насока на адаптимирање на земјоделството на новите климатски услови.

5.Да се преземат механизми за подобрување на вработливоста на руралното население – важно е да се работи на еднаков пристап за мажите и жените во руралните средини.

УПП претсесија 46 / Извор на фотографија: UPR info

 

Младите, жените и лицата со попречености се соочуваат со невработеност, нееднаква распределба на приходи и ресурсии, доминација на традиционалните норми, ограничен пристап до едукација, информација, здравство и социјални услоги.Токму овие предизвици ги туркаат маргинализираните групи во сиромаштија и ја потикнува големата миграција во руралните средини. НФФ преку своите активности за лобирање и застапување успеа да го крене гласот на жените од руралните средини со тоа што се постигнати значителни резултати кои заеднички се спроведуваат со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерството за труд и социјална политика во насока на подобрување на еконосмкиот и социјален статус на жените од руралните средини.

 

 

Во таа насока:

– НФФ со двете министерства во 2018 година потпиша Декларација за подобрување на економската и социјална положба на жените од руралните средини

– МЗШВ во соработка со невладиниот сектор креира мерки за поддршка на младите и жените кои се дел од Програмата за финансиска поддршка за рурален развој

– Креирана е Програма за поддршка за социјална сигурност на жените кои вршат земјоделска дејност која започна да се имплементира од 2023 година и продолжува во  2024 година. Оваа програма е пилот решение кое им овозможува на регистрираните индивидуални земјоделки користење на надоместок за мајчинство за време на спреченост на вршење на земјоделската дејност поради раѓање, кој намодесток не е опфатен со прописите од областа на работните односи за платено породилно отсуство.

Следни чекори се во насока на информирање на целните групи и воспоставување на системски решенија.

НФФ ги даде следните препораки за државата:

1.Да продолжи соработката помеѓу невладиниот сектор и институциите во насока на подобрување на економскиот и социјален статус на маргинализираните групи на локално и национално ниво.

2.Да се имплементира пристапот за човекови права во сите програми, мерки и стратегии, со директна вклученост на маргинализираните групи од руралните средини што е во согласност со Целите за одржлив развој 2.2, 2.5, 5.2 and 5.4 и препораката бр.42 (2018) од извештајот за шестиот период на известување за РСМ на CEDAW комитетот.

3.Да се креираат мерки за препознавање и вреднување на трудот на жените од руралните средини во насока на остварување на правата на социјални поддршки и бенефиции што е во согласност со препораката бр.36 (2018) од извештајот на шестиот период на известување за РСМ на CEDAW комитетот.

4.Да се обезбеди во најголема мера пристап за руралните жени, младите и лицата со попречености до субвенциите и програмите за рурален развој

5.Да се имплементираат едукативни кампањи во насока на зголемување на бројот на жени и млади сопственици на земјиште и имот во руралните средини и да се даде поддршка и едукација за жените и младите да бидат еднакви партнери во менаџирањето на фармите, што е во согласност со Целите за одржлив развој 5.2. и препораката бр.42 (2018) од извештајот на CEDAW комитетот од шестиот период на известување за РСМ.

Обраќања со официјални изјави на претставници на НВО од Македонија

На самата УПП претсесијата наменета за нашата држава покрај НФФ со свои изјави и препораки се обратија и претставници од Институтот за човекови права, Институтот за европска политика, Здружението на млади правници, Хера и Коалиција Маргини.

Имено Универзалниот периодичен преглед (УПП) е уникатен механизам на Советот за човекови права, кој бара од секоја држава-членка на ООН да подлежи на преглед за човековите права на секи 4,5 години. УПП им обезбедува на секоја држава можност редовно да:

  • Известува за мерките кои ги презела за подобрување на ситуацијата со човековите права во својата земја и за справување со предизвиците за уживањето на човековите права.
  • Прима препораки  од многу заинтересирани страни и извештаи од претсесиите од државите-членки на ООН за непрекинато подобрување на човековите права.

 

 

NFF FactSheet-merged
1Final NFF Statement UPR Pre Sessin 46 RNM