Претставници од Мрежата на млади фармери на НФФ во организација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Increasing Market Employability – IME присуствуваат на студиска посета во Словенија, каде што имаат можност да се запознаат со поддршките кои ги имаат младите фармери во Словенија и успешни модели на нивно функционирање. Млади фармери покрај од НФФ присуствуваат и од Мрежата на земјоделски задруги и Македонската асоцијација на земјоделски задруги.

Во рамки на студиската посета делегацијата оствари посета со претставници на Дирекцијата за земјоделство на Словенија на која беше презентирана поддршка за основање на фарми за млади фармери и акциониот план за работа со млади земјоделци на Словенија. Работни средби беа остварени и со претставници на Агенцијата на Република Словенија за земјоделски пазари и рурален развој, како и со Земјоделско-шумарската комора на Словенија.