НФФ учествуваше на мини предпразничниот саем на социјални претпријатија организиран од Министерството за труд и социјална политика и Центарот за социјални претпријатија. Настанот беше инициран и реализиран од МТСП во Центарот за социјални претпријатија  по повод средбата помеѓу Јована Тренчевска, министерка за труд и социјална политика и Лука Месец, министер за труд и социјална политика на Република Словенија.

По објаснувањето на работата на центарот и разгледување на работата на социјалните претприемништва беше емитуван и краткиот документарен филм „Барка“ кој дава 15 позитивни примери на социјални претпријатија во нашата земја. Документарниот филм е изработен во рамки на  проектот „Поддршка на социјалните претпријатија“ финансиран од Европската Унија.

На настанот присуствуваа претставниците од НФФ – Васка Мојсовска, претседателка на НФФ и Билјана П. Митревска, проект менаџерка. Тие ги истакнаа позитивни трендови од регистрацијата на мали оператори за храна, регистрирани преку правилници на АХВ и Програмата за поддршка од Министерството за земјоделство.

Се фокусираме на јакнење на жените и младите во руралните области, а истовремено одбележуваме и историски успех со донесената Програма за мајчинство за регистрираните индивидуални земјоделки преку кои добиваат надомест за девет месеци во случај на спреченост на вршењето на земјоделската дејност поради раѓање. Регистрираните индивидуални земјоделки 30 години беа обесправени и на иницијатива на НФФ преку Програмата е направено привремено решение  креирано од НФФ и релевантните институции и посебна заложба се даде од страна на министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска и министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Воедно, ни беше задоволство што ја презентиравме нашата вкусна традиција со словенската делегација. Првпат имаа можност да уживаат во вистинскиот македонски вкус на “маџун”. Ние во иднина, продолжуваме со промоција на сите наши вкусни производи подготвени од нашите членки, мали оператори за храна.