Националната Федерација на Фармери (НФФ)ја организира втората работилница  за воспоставување на организациска структура на група производители. Активноста е дел од проектот „Организациски развој на НФФ и подобрени пазарни врски за малите фармери и   производители од руралните области со цел зголемен приход“,во рамките на интервенцијата за „ Школска шема Пилот проект- Јаболко“, кој е поддржан од We Effect и Шведска.

Работилниците се во насока на анализа на статутарната регулатива како и воспоставување на организациска структура на група производители на јаболки во ресенскиот регион. Истовремено, овие работилници ќе бидат искористени за подготовка на иницијален план за маркетинг и промоција во рамките на групата на производители.