На покана на  Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, НФФ учествуваше на панел дискусија на тема „ Важноста од воспоставување и одржување на специјализираните сервиси за помош, поддршка на жени жртви на насилство”. Оваа активност беше поддржана од Француската амбасада Ambassade de France à Skopje и Фондацијата Квина тил Квина. На оваа панел дискусија се разговараше за родовиот јаз во платите, моделот на сеопфатното сексуално образование, женската сиромаштија и предизвиците на жените од руралните средини како аспекти на родовата еднаквост. Исто така, се потенцираше и потребата од нејзиното континуирано унапредување во нашето општество во насока на спречување на насилството врз жените и девојчињата. Заедно со претставниците од општините од повеќе региони ја увидовме и важноста и улогата која ја има локалната самоуправа во воспоставување и одржување на локални или регионални специјализирани услуги за помош и поддршка на жени и деца жртви на насилство. Освртот за жените од руралните средини и нивните предизвици беше даден од Билјана П. Митревска, проект менаџерка на НФФ.