12 советнички и советници, членови на Националната Федерација на Фармери, преку обука се стекнаа со вештини за алатката „ProfilPASS за жени – Ние можеме!“. По завршувањето на обуката тие се здобија сертификати за советници за ProfilPASS за жени од Центарот за доживотно учење.

Алатката ќе ја применуваме во советување на жените од руралните средини, за да им обезбедиме поддршка и да ги охрабриме да се (ре)интегрираат во пазарот на труд.

Работејќи на терен, советниците ќе го зајакнат своето знаење и способности да ја спроведуваат алатката во рамки на Федерацијата, истовремено, зајакнувајќи ја финансиската независност на жените од руралните средини.

Активноста е дел од проектот „Подобрување на вработливоста на руралните жени преку ProfilPASS“ и е поддржана од регионалните проекти „Социјално вклучување на ранливи групи во Западен Балкан “и „Поддршка на диверзификацијата на економските активности во руралните подрачја во Југоисточна Европа“ кои ги спроведува Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ).