Отворен повик 14/2023 за ангажирање на маркетинг агенција за развој на концепт (план) за промоција и маркетинг за група на производители и обука за група на производители

Проект: „Организациски развој на НФФ и подобрени пазарни врски за малите фармери и   производители од руралните области со цел зголемен приход“

Датум на објава:01.11.2023

Позадина

Националната федерација на фармери ја претставува најголемата мрежа на фармери и земјоделски организации во земјата. Целата институционална меморија и искуство ја наследи од Федерацијата на фармери на РМ. Тој ги обединува напорите на 43 локални земјоделски организации и задруги, кои го претставуваат гласот на повеќе од 3.000 членови и соработуваат со речиси сите клучни чинители во секторот земјоделство и агробизнис.

Националната федерација на фармери го прошири опсегот на дејствување. Тоа значи дека покрај земјоделците, земјоделските здруженија и земјоделските задруги, организацијата продолжи да ги зајакнува и поддржува ранливите категории во руралните средини, поголема поддршка за младите и жените и нивно директно вклучување во развојот на земјоделството преку одлучување и активно делување.

Покрај земјоделството, еден од главните фокуси на организацијата е и руралниот развој, односно справување со проблемите и предизвиците со кои се соочува руралното население, како што се сиромаштијата и ограничените пристапи на руралното население до здравствените услуги, образованието, правото за информирање и моќ на одлучување.

Главниот столб на дејствување е лобирање за дефинирање на проблемите од терен и со заедничка работа и анализа ќе се презентира пред надлежните институции за изнаоѓање заедничко решение, кое е во интерес на земјоделците и благосостојбата на целата наша држава.

Фокусот на Националната организација на фармери, која ќе продолжи да функционира под слоганот „Заедно за успех“ и логото што го симболизира трудот и производството на нашите земјоделци, е решавање на најголемите проблеми, а тоа е пласманот и квалитетното производство. Мисијата на ребрендираната организација е ОРГАНИЗИРАН ФАРМЕР ЛИДЕР ВО ЗЕМЈОДЕЛСКИОТ И РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. Визијата кон која се стремиме е – ПРОФИТАБНО ЗЕМЈОДЕЛСТВО – СТАБИЛНО СЕЛО.

Од мај 2021 година, НФФ го спроведува проектот „Организациски развој на НФФ и подобрени пазарни врски за малите фармери и производители од руралните области со цел зголемен приход“ кој е поддржан од Sida и We Effect.

Очекуваните резултати од проектот се следните:

Резултат 1: Руралните претпријатија, малите земјоделци/производители, растат и обезбедуваат повеќе приходи и можности за вработување за луѓето од руралните средини, особено за жените и младите. Фокусот овде ќе го олесни пристапот до пазарот за актерите кои ги зајакнуваат руралните жени и млади. Во моментов, пазарните врски за продажба на производи се прекинати за малите земјоделци/производи, што доведува до низок приход на руралната целна група, што ги турка во сиромаштија.

Резултат 2: Зголемени организациски капацитети и финансиска одржливост на НФФ. Како организација заснована на членство, НФФ ги застапува интересите на земјоделците и руралното население во земјата. Таа има развиено членство со збир на бесплатни услуги на кои само членовите имаат право. Во последните неколку години како резултат на претходниот проект за Институционална поддршка на НФФ, организацијата ја подобри својата внатрешна организација, управување, воведе процедури, книга на правила, книга на однесување и други административни и управувачки алатки кои ги подобрија перформансите и влијанието на нашата работа. Фокусот овде е организацискиот развој и финансиската одржливост како клучна за да се продолжи со активностите за лоби и застапување и да се развијат нови услуги за да се обезбедат нови извори на приход.

 

Предмет на набавка

Главната цел на оваа набавка е ангажирање на професионална маркетинг агенција за развој на концепт (план) за промоција и маркетинг во рамките на групата производители и едукација на групата за производители во рамките на интервенцијата за „ Школски шеми Пилот проект -Јаболко“ што е дел од проектот „Организациски развој на НФР и подобрени пазарни врски за малите фармери и производители од руралните области со цел зголемен приход“. Маркетинг агенцијата ќе биде ангажирана да ја поддржи интервенцијата на НФФ

Специфични задачи на маркетинг агенција се:

  • Развивање на концепт (план) за промоција и маркетинг во рамките на групата производители
  • Теренски скрининг на земјоделците, откупувачите и задругите (потенцијални членови на групата производители). Скрининг за определување на производните капацитети на производителите на јаболка во Преспанскиот регион кои се дел од оваа интервенција и идентификување на канали за продажба (пристап до пазарите)
  • Едукација на група производители за маркетинг преку спроведување на 2 еднодневни обуки на група производители за маркетинг и промоција кои се предвидени да се одржат во преспански регион

Очекувано времетраење на договорот

Со маркетинг агенцијата ќе се склучи договор во периодот од 17 октомври до 30 декември 2023 година и тоа вклушува ангажман од 16 дена.

Во рамки на овој ангажман не е предвидено покривање на патни трошоци и трошоци за сместување на избраниот добавувач.

Координација и известување

Маркетинг агенцијата ќе достави извештај за реализирани активности директно до Координаторот за организациски развој, наведувајќи ги задачите и активностите извршени во текот на договорениот период.

Услови за квалификација

Задолжителни технички критериуми:

  • Минимум 5 години на професионално искуство во маркетинг и промотивни активности
  • Портфолио за завршени 3 слични задачи

Процедура за аплицирање:

Компаниите за аплицирање на овој повик мора да ги достават следните документи:

  • Ажурирано портфолио (кое укажува на работа на исти и слични задачи)
  • Финансиска понуда. Понудата да биде изразена во денари со вклучено ДДВ.
  • Тековна состојба од Централен регистар не постара од 6 месеци
  • Потпишана декларација за непостоење на конфликт на интерес

Документите/понудите да бидат доставени на две емаил адреси истовремено nff@nff.org.mk and vidanka.martinovska@nff.org.mk  не подоцна од 13 Ноември 2023 (понеделник).

Сите прашања поврзани со поднесување понуда за овој отворен повик можат да бидат поставени на емаил  vidanka.martinovska@nff.org.mk.

 Евалуација на понуди

Понудите со некомплетна документација и/или понуди пристигнати по истекот на рокот нема да бидат земени предвид.

Понудите ќе се оценуваат според следните критериуми:

Принципот на најдобра вредност за парите ќе биде земен предвид со користење на метод на комбинацијата од портфолиото и искуство на компанијата и претходната работа на слични задачи (60%) и финансиската понуда (40%)

 Услови за плаќање

Плаќањето ќе се изврши по завршување на сите задачи и по спроведување на сите договорени активности. Исплата на вкупниот договорен надомест ќе биде реализирана по одобрување на доставениот извештај, на маркетинг агенцијата за реализирани активности, од страна на проектниот менаџер-координатор за организациски развој.

Изјава за конфликт на интерес

Добавувачот ќе наведе дали неговата компанија/или негови вработени имаат какви било деловни или лични односи со тесно поврзаните страни од НФФ и регионална канцеларија на We Effect во Скопје, нејзините управни тела и вработени или со слични тела/лица на клиентот (НФФ).

Тесно поврзана страна  (физичко или правно лице) според дефиницијата на We Effect се смета лице кое има можност да врши контрола или значително влијание врз другото лице кога станува збор за финансиско и оперативно одлучување во врска со некоја активност. Целта на Изјавата е да ги открие таквите информации што го прават процесот на аплицирање и евалуација потранспарентен и ги поддржува понудите во нивната релевантност според условите на отворениот пазар.

MSD ToR expertise marketing agency for web
Декларација за непостоење на конфликт на интереси МСД