Отворен повик 15/2023 за експерт за организациска структура на група на производители

Проект: „Организациски развој на НФФ и подобрени пазарни врски за малите фармери и   производители од руралните области со цел зголемен приход“

Датум на објава:01.11.2023

Позадина

Националната федерација на фармери ја претставува најголемата мрежа на фармери и земјоделски организации во земјата. Целата институционална меморија и искуство ја наследи од Федерацијата на фармери на РМ. Тој ги обединува напорите на 43 локални земјоделски организации и задруги, кои го претставуваат гласот на повеќе од 3.000 членови и соработуваат со речиси сите клучни чинители во секторот земјоделство и агробизнис.

Националната федерација на фармери го прошири опсегот на дејствување. Тоа значи дека покрај земјоделците, земјоделските здруженија и земјоделските задруги, организацијата продолжи да ги зајакнува и поддржува ранливите категории во руралните средини, поголема поддршка за младите и жените и нивно директно вклучување во развојот на земјоделството преку одлучување и активно делување.

Покрај земјоделството, еден од главните фокуси на организацијата е и руралниот развој, односно справување со проблемите и предизвиците со кои се соочува руралното население, како што се сиромаштијата и ограничените пристапи на руралното население до здравствените услуги, образованието, правото за информирање и моќ на одлучување.

Главниот столб на дејствување е лобирање за дефинирање на проблемите од терен и со заедничка работа и анализа ќе се презентира пред надлежните институции за изнаоѓање заедничко решение, кое е во интерес на земјоделците и благосостојбата на целата наша држава.

Фокусот на Националната организација на фармери, која ќе продолжи да функционира под слоганот „Заедно за успех“ и логото што го симболизира трудот и производството на нашите земјоделци, е решавање на најголемите проблеми, а тоа е пласманот и квалитетното производство. Мисијата на ребрендираната организација е ОРГАНИЗИРАН ФАРМЕР ЛИДЕР ВО ЗЕМЈОДЕЛСКИОТ И РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. Визијата кон која се стремиме е – ПРОФИТАБНО ЗЕМЈОДЕЛСТВО – СТАБИЛНО СЕЛО.

Од мај 2021 година, НФФ го спроведува проектот „Организациски развој на НФФ и подобрени пазарни врски за малите фармери и производители од руралните области со цел зголемен приход“ кој е поддржан од Sida и We Effect.

Очекуваните резултати од проектот се следните:

Резултат 1: Руралните претпријатија, малите земјоделци/производители, растат и обезбедуваат повеќе приходи и можности за вработување за луѓето од руралните средини, особено за жените и младите. Фокусот овде ќе го олесни пристапот до пазарот за актерите кои ги зајакнуваат руралните жени и млади. Во моментов, пазарните врски за продажба на производи се прекинати за малите земјоделци/производи, што доведува до низок приход на руралната целна група, што ги турка во сиромаштија.

Резултат 2: Зголемени организациски капацитети и финансиска одржливост на НФФ. Како организација заснована на членство, НФФ ги застапува интересите на земјоделците и руралното население во земјата. Таа има развиено членство со збир на бесплатни услуги на кои само членовите имаат право. Во последните неколку години како резултат на претходниот проект за Институционална поддршка на НФФ, организацијата ја подобри својата внатрешна организација, управување, воведе процедури, книга на правила, книга на однесување и други административни и управувачки алатки кои ги подобрија перформансите и влијанието на нашата работа. Фокусот овде е организацискиот развој и финансиската одржливост како клучна за да се продолжи со активностите за лоби и застапување и да се развијат нови услуги за да се обезбедат нови извори на приход.

Предмет на набавка

Главната цел на оваа набавка е да обезбеди стручни услуги-експертиза за воспоставување на организациска структура на група производители во рамките на интервенцијата за „ Школска шема Пилот проект- Јаболко“ што е дел  од проектот „Организациски развој на НФФ и подобрени пазарни врски за малите фармери и производители од рурални средини со цел зголемен приход“.

Очекувани испораки на ангажираниот експерт се:

  • Анализа на статутарната регулатива за воспоставување на организациска структура на група производители
  • Две еднодневни теренски посети/ средби со засегнати страни (земјоделци односно производители на јаболка, откупувачи и задруги) во Преспанскиот регион за формирање група на производители

 

Очекувано времетраење на договорот

Експертот ќе биде ангажиран вкупно 26 дена во периодот од 17 Ноември 2023 до 30 Декември 2023.

За овој ангажман не е предвидено надомест на патни трошоци и трошоци за сместување на ангажираниот експерт.

Координација и известување

Ангажираниот експерт ќе поднесе извештај директно до Координаторот за организациски развој, наведувајќи го бројот на работни денови за време на ангажманот и задачите извршени во текот на ангажманот.

Услови за квалификацијa:

Задолжителни технички критериуми:

  • Соодветно универзитетско образование ( правни науки, социјални науки, економија, бизнис економија)
  • Најмалку 5 години професионално искуство за овој ангажман и искуство во истражувања и анализи

Вештини на експертот:

  • Развиени аналитички и вештини за пишување
  • Презентациски вештини

Процедура за апликација:

Заинтересираните кандидати за овој ангажман мора да ги достават следните документи:

  • Ажурирано портфолио кое укажува на работа на слични задачи
  • Финансиска понуда, во која е наведена дневница во бруто износ и надомест за целокупен ангажман во бруто износ, изразено во денари во вклучен персонален данок
  • Потпишана декларација/изјава за непостоење на конфликт на интерес

Понудите да се достават на две емеил адреси истовремено nff@nff.org.mk and vidanka.martinovska@nff.org.mk  најдоцна до  13 Ноември 2023.

Сите прашања поврзани со поднесување понуда за овој отворен повик можат да бидат поставени на емаил  vidanka.martinovska@nff.org.mk.

 Евалуација на понуди

Понудите со некомплетна документација и/или понуди пристигнати по истекот на рокот нема да бидат земени предвид.

Понудите ќе се оценуваат според следните критериуми:

Принципот на најдобра вредност за парите ќе биде земен предвид со користење на метод на комбинацијата од професионално искуство на експертот и претходната работа на слични задачи (60%) и финансиската понуда (40%)

 Услови за плаќање

Плаќањето ќе се изврши по завршување на сите задачи и по поднесување на извештај за реализирани активности од страна на експертот. Вкупниот договорен надомест ќе биде исплатен по одобрување на извештајот за реализирани активности од страна на  проектниот менаџер-координатор за организациски развој.

Изјава за конфликт на интерес

Апликантот ќе наведе дали тој има какви било деловни или лични односи со тесно поврзаните страни од НФФ и регионална канцеларија на We Effect во Скопје, нејзините управни тела и вработени или со слични тела/лица на клиентот (НФФ).

Тесно поврзана страна  (физичко или правно лице) според дефиницијата на We Effect се смета лице кое има можност да врши контрола или значително влијание врз другото лице кога станува збор за финансиско и оперативно одлучување во врска со некоја активност. Целта на Изјавата е да ги открие таквите информации што го прават процесот на аплицирање и евалуација потранспарентен и ги поддржува понудите во нивната релевантност според условите на отворениот пазар.

MSD ToR expert for organizational structure
Декларација за непостоење на конфликт на интереси МСД