Доколку сакате да ги подобрите своите вештини и станете советник/чка кој ги поддржува жените од руралните средини, „ProfilPASS за жени – Ние можеме!“ е идеалната алатка за вас. Пријавете се за учество на обуката и добијте сертификат за користење на оваа алатка.
ProfilPASS е методологија која и овозможува на секоја личност да ги процени своите вештини и компетенции стекнати во текот на животот. ProfilPASS вклучува портфолио (работна тетратка) која се користи во процес воден од обучен советник. Таа им помага на луѓето да се охрабрат, мотивираат и освестат за нивната сопствена вредност и способности и ја поддржува нивната (ре)интеграција во образование и/или на пазарот на труд.
ProfilPASS е методологија развиена во Германија во 2004 година од страна на Германскиот институт за образование на возрасни – Лајбниц Центар за доживотно учење, Институтот за развојно и структурно истражување при Универзитетот во Хановер и Германскиот институт за меѓународно образовно истражување.
За да се запознаете подетално со ProfilPASS и да ги стекнете потребните компетенции за работа како советник/чка според оваа методологија, Националната федерација на фармери Ви нуди можност да учествувате на четири-дневна обука и да бидете ангажирани како советник, во рамки на проектот „Подобрување на вработливоста на руралните жени преку ProfilPASS“.
Обуката ќе Ви овозможи да се запознаете подетално со методологијата ProfilPASS, да стекнете знаења и вештини за практична работа со верзијата „ProfilPASS за жени – Ние можеме!“ и да научите како да ја применувате во советувањето на жените од руралните средини, за да им обезбедите поддршка и да ги охрабрите да се (ре)интегрираат во образование, обука или на пазарот на труд. По обуката, советниците ќе добијат поддршка практично да ја спроведат методолодијата на терен со три кориснички – жени од рурални средини.
Обуката и практичната работа ќе бидат спроведени во периодот ноември 2023 – март 2024:
- четири-дневна обука за ProfilPASS – 30.11. до 03.12.2023 година,
- практична работа со три кориснички: јануари-март 2023
За да учествувате на оваа обука, потребно е:
- да имате завршено најмалку средно образование,
- да имате искуство во работа со жени од ризични категории и други ранливи групи од рурални средини, и
- да сте член на Националната федерација на фармери.
Организаторите на програмата ќе обезбедат:
- превоз, сместување, оброци и материјали за обуките;
- сертификати за успешно завршување на обуките;
- менторска поддршка при практичното спроведување на методологијата;
- материјали и логистичка поддршка потребни при практичната работа;
- надомест за спроведување на практичните теренски активности.
Формуларот содржи прашања и информации поврзани со Вашето претходно искуство и мотивација за учество во програмата, како и изјави за согласност за учество во предвидените активности.
За искажување на вашиот интерес на обуката потребно е да го пополните формуларот најдоцна до 6.11.2023 – понеделник.
За дополнителни прашања и информации обратете се на maja.petkovska@nff.org.mk или на телефонскиот број 072 255 811
Проектот „Подобрување на вработливоста на руралните жени преку ProfilPASS“ е поддржан од регионалните проекти „Социјално вклучување на ранливи групи во Западен Балкан“ и „Поддршка на диверзификацијата на економските активности во руралните подрачја во Југоисточна Европа“ спроведени од Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ).
Stay In Touch