Националната федерација на фармери (НФФ) ја организираше  првата инфо работилница која се одржа во Неготино, каде што беше претставен моделот “едно село – еден производ,” кој се пилотира и го опфаќа неготинското село Тимјаник за производство на маџун.

Оваа иницијатива е дел од проектот “Развој на локалната индустрија во земјоделски региони преку јакнење на капацитетите за управување и маркетинг,” кој се спроведува од Националната федерација на фармери, со поддршка на JICA.

Соработката помеѓу НФФ и JICA произлегува од обука на нашиот тим од НФФ, каде се учевме за методот “едно село – еден производ.” Оваа метода првпат се имплементира во нашата држава преку нашата пилот иницијатива за производство на маџун во село Тимјаник и има за цел да се имплементира и во други региони за различни производи.

Сите активности се спроведуваат во соработка со општината Неготино и локалното здружение “Шира,” членки се рурални жени кои се посветени на производството на овој вкусен производ.

Ова е само почетокот и се надеваме ќе има позитивен влијание врз препознатливоста на нашите села по локални производи и развој на локалната економија.