„ВКУСИ ЈА ТРАДИЦИЈАТА“ е саемот на македонска  традиционална храна , создадена на македонските полиња, набрана и направена од вредните раце на земјоделките и земјоделците.

Ова е втор реализиран саем кој и оваа година се одржа во Градскиот Парк во Скопје, во организација на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и Slow Food Macedonia со поддршка на GIZ North Macedonia.

2000 производи, шаренило на бои кои извираат од секоја тегла, мирисите кои мамат од секоја тезга од 400 изложувачи, ги гледаме распослани на 80 штандови.

Националната федерација на фармери и оваа година со бројно учество на настанот , 40 учесници со своите уникатни македонски традиционални производи го оплеменија вкусот на традицијата.

Одлична посетеност, како едвај да се чекаше да се реализира саемот кој е уникатен исполнет со примамлив мирис и ненадминливо чувство на македонскта домашна храна, рецепти кои се пренесуваат од колено на колено.

Саемот “Вкуси ја традицијата”, по втор пат ја пишува својата приказна, и силно одекнува промовирајќи се она што е домашно, македонско, локално.