Национална федерација на фармери

 Избор на добавувач за преведување и симултано-консекутивни услуги за толкување како и аудио опрема за настан

 Проект „Поддршка на пазарните врски за руралното население со акцент на лицата со попреченост, руралните жени и други ранливи групи”

 Времетраење на проектот: 01.02.2023-01.02.2024

Објава на оглас:26.09.2023

Вовед

Националната федерација на фармери ја претставува најголемата мрежа на фармери и земјоделски организации во земјата. Целата институционална меморија и искуство ја наследи од Федерацијата на фармери на РМ. Тој ги обединува напорите на 43 локални земјоделски организации и задруги, кои го претставуваат гласот на повеќе од 3.000 членови и соработуваат со речиси сите клучни играчи во секторот земјоделство и агробизнис. Работи според заедничката визија: Профитабилно земјоделство – стабилно село и мисијата: Организиран земјоделец лидер во земјоделскиот и руралниот развој.

Покрај земјоделците, земјоделските здруженија и земјоделските задруги, НФФ во својата работа посветува особено внимание на зајакнување и поддршка на ранливите категории во руралните средини, а дава поголема поддршка за младите, жените и лицата со попреченост и нивно директно вклучување во развој на земјоделството преку одлучување и активно делување.

НФФ ги вложува своите напори за подобрување на животот на руралното население преку помагање и олеснување на одржливи механизми преку лобирање и застапување, информирање, едукација, стручна поддршка, студиски посети и други форми на трансфер на знаење и учење. НФФ верува дека само добро обучени, квалификувани и бизнис ориентирани земјоделци можат да го водат кон развојот на руралната заедница на одржлив начин.

Организацијата го одржува стратешкото партнерство со академската и истражувачката заедница (факултети и институти), давателите на екстензивни услуги (АПРЗ и приватни компании), други невладини организации од Македонија и од регионот и партнерство со државни и странски институции и организации.

НФФ спроведува низа проекти кои се фокусираат на земјоделството и руралниот развој во Северна Македонија и активно соработува со различни меѓународни и донаторски организации.

Проектот: „Поддршка на пазарните врски за руралното население со акцент на лицата со попреченост, руралните жени и други ранливи групи” е поддржан од страна на Германското друштво за меѓународна соработка GIZ, во рамките на проектот :Поддршка на диверзификацијата на економските антивности во руралните подрачја на Југоисточна Европа(SEDRA II) .

Целта на проектот е да ги зголеми пазарните релации за руралното население со особен акцент на лицата со посебни потреби, руралните жени и другите ранливи групи, со цел да им се обезбедат можности за создавање нови или дополнителни работни места, како и можности за зголемување на нивните приходи.

Проектот има подцели:

– потцел 1: Зголемување на вештините за маркетинг и промоција во локалниот контекст во руралните општини за лицата со попречености, рурални жени и други ранливи групи

– потцел 2: Подобрување на деловното работење на производителите на агро-прехранбени производи кои обезбедуваат можности за директна продажба, скратување на синџирот на снабдување, зголемување на приходот/профитот, пристап до нови клиенти, создавање на поконкурентни производи со додадена вредност, воспоставување потенцијални стабилни пазарни врски кои би можеле да овозможат планирано производство во иднина.

 Цел на набавката

Главна цел на набавката е ангажирање на добавувач за преведување и симултано-консекутивни услуги за толкување како и аудио опрема за настанот „Меѓународен ден на руралната жена“ кој ќе се одржи во Крушево на 15.10.2023 година (недела).

Настанот ќе започне во 11:00 часот и ќе трае до 13:00 часот. Избраниот добавувач на услугите се очекува да ја подготви договорената аудио опрема не подоцна од 10:00 часот на денот на настанот.

Опрема за настанот:
Опрема за симултано толкување и озвучување:

– 5 статични микрофони

– 5 безжични микрофони

-лед екран (4×2)

– систем за озвучување

– 1 кабина за превод / толкување

– 25 комплети слушалки со приемник

Пренос во живо на НФФ Фејсбук каналот со 1 камера
Техничка поддршка за настанот

 

Очекувано времетраење на договорот

Со Добавувачот ќе биде склучен договор за периодот од 04.10.2023 година до 30.10.2023 година, односно ќе ги обезбеди договорените услуги.

Квалификациски услови

Задолжителни технички критериуми:

  • Портфолио на извршување на 3 слични или идентични задачи поврзани со предметот на набавката

Постапка за пријавување:

Добавувач за овој ангажман треба да ги достават следните документи:

  • Финансиска понуда. Понудата треба да биде изразена во МКД со вклучен ДДВ.

Понудената цена треба да вклучува патни трошоци, персонал за техничка поддршка на добавувачот и други поврзани трошоци за Крушево каде што ќе се одржи настанот.

Понудата да биде доставена на следниот образец

Опрема за настанот: Износ во МКД со вклучен ДДВ
– 5 статични микрофони

– 2 безжични микрофони

– лед екран (4×2)

– систем за озвучување

– 1 кабина за превод / толкување

– 25 комплети слушалки со приемник

Пренос во живо на НФФ Фејсбук каналот
Техничка поддршка за настанот
ВКУПНО

 

Понудите да се достават на следните електронски адреси истовремено nff@nff.org.mk и vidanka.martinovska@nff.org.mk, не подоцна од 2.10.2023 година (понеделник).

За било какви прашања во врска со оваа набавка можете да се обратите на следната електронска адреса vidanka.martinovska@nff.org.mk.

Евалуација на понудите: 

Понудите пристигнати по истекот на наведениот рок нема да бидат земени во предвид.

Понудите ќе бидат оценувани врз основа на понудената цена.

Плаќање

Плаќањето ќе се врши сукцесивно по испорачување на сите услуги вклучувајќи фактура и испратница од договорениот понудувач. Откако испораките ќе бидат извршени и одобрени од менаџерот на проектот и координаторот на проектот на НФФ, ќе се изврши исплата на вкупниот договорен износ.

4.11 Translation and audio equipment for event (1)