Националната федерација на фармери го одржа својот трет состанок на Управниот одбор.

Во рамките на НФФ визијата “Профитабилно земјоделство, стабилно село”, работевме на новата стратегија на НФФ за периодот 2023-2027, со следните цели:

Организациски развој, соработка, регионално поврзување и едукација – ги поддржуваме нашите фармери да напредуваат и учат и навремено се информираат.

Лобирање, застапување и информирање – се бориме за интересите на фармерите и земјоделството во целост.

Економско јакнеење на жените, младите, лицата со попречености од рурални средини и пазарно поврзување – поддршка за нивниот успех и раст.

Подобрување на условите за родова рамноправност и поддршка на ранливи групи во руралните средини – заедно се бориме за подобра и развиена рурална заедница.

На состанокот исто така се разговараше и за следниве предизвици во земјоделството:

Економско јакнење на малите оператори на храна преку промоција, едукација и организирање на саеми во рамките на нашата кампања “Купувајте домашни земјоделски производи”.

Справување со климатските промени – едукации за одржливи практики и технологии за оддржување на земјоделското производство.

Решавање на проблемите со откупот – работиме на предлог решенија за заштита на македонското земјоделско и сточарско производство и понатаму останува нашиот став за еконосмко обединување на земјоделците и договорно производство за справување со проблемите со ниските откупни цени и  работиме на предлог решение за  проблемот со манипулациите со увозните производи кои се продаваат како македонски на нашиот пазар.

Потреба за законски промени за либерализација на пазарот на труд – целта е зголемување на работниците и сезонските работници, активирање на младите во земјоделството во насока на зачувување и одржливост на земјоделството и намалување на миграцијата од село во град и други држави .Понатамошно чекори за системско решавање на породилното и боледувањето на регистрираните земјоделки и земјоделци

На состанокот се разговараше за престојни настани и проекти на НФФ, а исто така се направија измените во стратешките документи на НФФ, вклучувајќи ги правилниците за финансиско и административно работење и Code of Conduct.