Во текот на месец септември е реализирана посета на бордот на директори и комитетот за избори на Шведската организација за развој на We Effect.

Во рамките на самата посета претставниците на We Effect имаа средба со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска каде што директно беа запознаени со активностите кои Националната федерација на фармери ги реализира со двете министерства, како социо економски партнер на двете институции и со кои е потпишана Декларација за подобрување на економскиот и социјален статус на жените од руралните средини.

На самата средба во Министерството за земјоделство се разговараше за заедничките резултати кои се постигнати помеѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерството за труд и социјална политика и НФФ, а се подржани од страна на We Effect. Значајни резултати се постигнати во насока на подобрување на економскиот и социјален статус на руралните жени преку финансиската поддршка за развој на нивните претприемачки вештини и отстранување на дискриминаторните критериуми за апликација. Во заедничката соработка постигнат е сериозен напредок, така што по 30 години  за првпат регистрираните земјоделки имаат право на користење на мајчинство за време на периодот од девет месеци додека се грижат за своите новороденчиња. Воспоставување на системско решение на школкси шеми преку Програма за откуп на свежо овошје и зеленчук, така што во училиштата и градинките децата добиваат свежа ужинка од различни видови на овошје кое е произведено во Македонија.

На самата средба се зборуваше и за влијание на украинската криза врз македонското земјоделство. Од кога започна војната во Украина, економијата на Северна Македонија искуси остар пад. Затворените граници помеѓу Русија и Европа доведоа до намалени увози и извози, што допринесе уште повеќе на негативно влијанието врз економијата на земјата и земјоделците се доведени во неповолна ситуација за продажба на своите производи и барање на нови пазари.

За време на посетата претставниците на We Effect преку теренска посета се запознаа директно со активностите на НФФ. Првата дестинација е посетата на Иван Нацевски кој има своја фарма со кози и преку подршка од проектот „From Disability to FooAbility“ ја унапреди својата фарма со тоа што од 15 кози сега има 60 кози и млекото го дава во локална млекарници. Следната дестинација е овчарската фарма на Вангелина Пармачка која заедно со своето семејство одгледуваат 600 овци и произведуваат сирење. На самата средба присуствуваше и претседателката на НФФ, Васка Мојсовска која го презентира работењето на НФФ и воедно истакна дека преку нивната поддршка се овозможи јакнење на гласот на земјоделците и земјоделките во насока на подобрување на нивниот економски и социјален статус.

„ We Effect е развојна организација на шведското корпоративно/бизнис движење што подразбира фармери, осигурување, банки, домување, бидејќи сите овие компании во Шведска заедно претставуваат 20% од шведската економија, особено големи бизниси. Во Северна Македонија  заедно со нашиот борд на директори кои се претставници од овие корпоративни компании сме пречекани од локалната канцеларија на WeEffect и од нашата партнерска организација Национална федерација на фармери. Особено сме импресионирани од тоа што го видовме и мислам дека, зборувам во името на сите, горди сме на резултатите од работата на организацијата на фармерите и што нашата поддршка има резултати. Но, исто така горди сме за систематските промени, при тоа мислам на породилното отсуство за регионалните земјоделки, зборуваме за тоа да овозможиме луѓето од руралните области да станат видливи, а исто така и луѓето со попреченост. Многу сум горда што и ние придонесуваме кон ова. И честитам на Националната федерација на фармери за постигнувањата и Ви посакувам многу среќа во понатамошниот напредок, а ние ќе бидеме со вас на целиот тој пат“, потенцира Ана Тиблин, генерален секретаар на We Effect

Воедно се потенцира дека Македонија има голем потенцијал за развој на економски форми на здружување на земјоделците за нивен економски развој и воедно позитивно да се влијае на намалување на големата миграција од селата во градовите и странство. Фотографиите се направени од We Effect