На 5-ти септември НФФ ја организира последната работилница за постбербени активности во Струмица. Оваа работилница e дел од проектот “Поддршка на пазарните врски за руралното население со акцент на лицата со попреченост, руралните жени и други ранливи групи”, кој е со голема поддршка од Германското друштво за меѓународна соработка GIZ, во рамките на проектот Поддршка на диверзификацијата на економските активности во руралните подрачја на Југоисточна Европа – SEDRA II.

Главната цел на оваа работилница беше да се стекнат нови вештини и знаења во врска со периодот по бербата, како и да се добијат информации за регистрацијата на мали оператори за храна согласно Правилникот за мали оператори за животинско и неживотинско потекло на Агенцијата за храна и ветерина. Оваа работилница беше специфично насочена кон поддршка на лицата со попреченост, младите, жените и земјоделците.

Работилницата беше успешно реализирана од страна на нашата експертка за пост-бербени технологии, Милка Коштревска. Присутни на работилницата беа претставници од општините, членови на Националната Федерација на Фармери, здруженијата, како и лица со попреченост.