Националната федерација на фармери (НФФ) организираше четири  работилници на тема “Пост-бербени технологии”. Работилниците кои беа одржани во Скопје, Чашка, Гостивар и Штип се организирани во рамките на проектот „Поддршка на пазарните врски за руралното население со акцент на лицата со попреченост, руралните жени и други ранливи групи” кој е поддржан од страна на Германското друштво за меѓународна соработка GIZ, во рамките на проектот Поддршка на диверзификацијата на економските антивности во руралните подрачја на Југоисточна Европа – SEDRA II.

Целта на обуката е стекнување на нови вештини и знаења за пост-бербениот период, како и добивање на информации во однос на регистрација на мали оператори за храна согласно Правилникот за мали оператори за животинско и неживотинско потекло на Агенцијата за храна и ветерина. Работилницата е наменета за поддршка на лицата со попреченост, млади, жени и земјоделци.

Работилниците беа реализирани од страна на Милка Коштревска, експерт за пост-бербени технологии.

На работилниците присуствуваа претставници од Општини, членови на Национална Федерација на Фармери, Здруженија, како и лица со попреченост, кој дадоа свој придонес од овие работилници да произлезат заклучоци, препораки и иницијативи.

Последната работилница за постбербени активности ќе биде организирана во Струмица на 5 септември.