Членови на Националната федерација на фармери учествуваа на саемот на производители кој се одржа денес во Крива Паланка во рамките на манифестацијата Joyfest. Вкусови на прекрасна храна денес беа презентирани на Градскиот стадиот во Крива Паланка. Регистрирани оператори за храна ги презентираа своите производи ајвар, мед, маџун, мед, макала, домашни подготвени специјалитети и вина. Во поздравните говори на манифестацијата се обрати Фросина Ѓоргиевска, членка на УО на НФФ која истакна дека ваквите манифестации ја промовираат нашата традиционална храна и овозможуваат продажба на малите производите која е основа за нивно понатамошно економско јакнење и развој. Саемот е во организација на Општина Крива Паланка и Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.