Членовите на Националната федерација на фармери учествуваат на познатиот саем AГРА за производители на храна, што се одржува во Горна Радгона, Словенија. Саемот за македонските излагачи е во организација на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

На овој настан, гордо се изложуваат разни македонски вкусови, претставени преку вкусни ајвари, кечапи, малиџано, медови и други производи од мед, вина и млечни производи.Присутните имаат можност да се запознаат и уживаат во богатството на македонската кулинарска традиција и вкусови, додека ги разгледуваат и купуваат овие автентични производи кои се претставени во Горна Радгона, Словенија. Воедно нашиот член на УО, Ванчо Кироски кој е професионален пчелар се закити со златен медал за произведен цветен ливадски мед на саемот Агра во Горна Радгона во Словенија. Македонскиот квалитетен мед се препознава секаде.