Националната федерација на фармери на сите задругари во државата и земјоделци-членови
во задруги им го честита Меѓународниот ден на земјоделските задруги. Економските форми
на здружување се многу значајни во насока на економско јакнење на земјоделците и
намалување на манипулациите за време на откупите и развој на руралните средини. Се
уште на ова поле треба да се работи и воедно апелираме ваквото здружување да биде
сериозно сфатено и од страна на институциите и земјоделците.