Националната федерација на фармери учествуваше на меѓурегионалната работилница посветена на денот на опустинувањето и сушите која се организира од Конвенцијата на Обединетите Нации за борба против опустинувањето (UNCCD), Програмата на Обединетите Нации за животна средина (UNEP) и Министерството за животна средина и просторно планирање на РСМ. На самата работилница Билјана Петровска – Митревска, проект менаџерка во НФФ, ги презентира проблемите и предизвиците со кои се соочуваат руралните жени и активностите кои ги спроведува организација за нивно економско јакнење и остварувањето на човековите права.

Имено, Денот на опустинувањето и сушите се одбележува ширум светот на 17 јуни.Глобалниот фокус за Денот на опустинувањето и сушите во 2023 година  е на правата на жените на земјиштето – од суштинско значење за постигнување на меѓусебно поврзаните глобални цели за родова еднаквост и неутралност за деградација на земјиштето до 2030 година, како и придонес за унапредување на другите цели за одржлив развој (SDGs). Инвестирањето во еднаков пристап на жените до земјиштето и поврзаните средства е директна инвестиција во нивната иднина и иднината на човештвото.