Во рамките на партнерскиот состанок на Шведската организација за развој, НФФ реализира теренска посета во источниот дел од нашата држаава каде што беа посетени три земјоделски стопанства кои се поддржани во рамките на активностите We Effect.  Првата посета беше на малата семејна фарма за кози во Ерџелија во сопственост на Иван Нацевски. Со поддршка на We Effect и Radio Aid, фармата на Иван беше реновирана со  што се зголеми капацитетот за производство на козјо млеко кое е негова основна егзистенција и млекото го продава на локална млекарница.

Следната посета е на фармата за овци на Вангелина Пармачка, сместена при влезот на селото Будинарци, регион Берово. Фармата на семејството Пармачки е позната по квалитетно сирење и тие одгледуваат 600 овци. Заедно со Вангелина, присутните на теренската посета имаа можност да се запознаат  и со работата на Ирена Баливска,  земјоделка од истото село, која главно се фокусира на одгледување на сливи од сортата Стелеј  и исто така собира шумски плодови и билки од кои произведува мармалади и сокови, како и сирупи со лековити својства.