Националната федерација на фармери (НФФ) организираше две  работилници на тема “ Развој на знаење и вештини за промоција и маркетинг и воспоставување на пазарни врски со цел зголемување на приходите наменета за лицата со попреченост , рурални жени и други ранливи групи ”. Работилниците  кои беа одржани во Скопје и Велес се организирани во рамките на проектот „Поддршка на пазарните врски за руралното население со акцент на лицата со попреченост, руралните жени и други ранливи групи” кој е поддржан од страна на Германското друштво за меѓународна соработка GIZ, во рамките на проектот Поддршка на диверзификацијата на економските антивности во руралните подрачја на Југоисточна Европа – SEDRA II.

Целта на работилниците е стекнување на нови вештини и знаења во однос на маркетинг и промоција на нивното производство, како и воспоставување на пазарни врски со цел зголемување на приходите на лицата со попреченост и други ранливи групи.

Работилниците беа реализирани од страна на Мики Трајковски, експерт за маркетинг и промоција на производство, и Владимир Трајковиќ , експерт за создавање пазарни врски  ,а модерирани од страна на Ангела Самарџиќ, Проектен координатор на НФФ.

На работилниците присуствуваа претставници од Општини, членови на Национална Федерација на Фармери, Здруженија, како и лица со попреченост, кој дадоа свој придонес од овие работилници да произлезат заклучоци, препораки и иницијативи.

На овие работилници засегнатите страни имаа можност да се стекнат со вештини и знаења како и воспоставување на пазарни врски со цел зголемување на нивните приходи, како да се остварат оддржливи односи со пазарните учесници со цел на обезбедување на континуиран пласман на прозиводите по конкурентни цени, кои се бенефитите од востпоставување на пазарни врски, зголемување на приходите преку подобрени стратегии за промоција и маркетинг, важноста на вештините за промоција и маркетинг, алатки за маркетинг и промоција на производите, како и можност за размена на лични искуства и предизвици со кои тие се соочуваат.

Работилници на оваа тема ќе бидат одржани во уште три региони Струмица, Македонски Брод и Кочани.