Националната федерација на фармери (НФФ) организираше работилница на тема „Поддршка на руралните општини во насока на креирање на буџетски мерки и политики за лицата со попречености во руралните средини“. Работилницата која се одржа во Македонски Брод е организирана во рамките на проектот „Поддршка на пазарните врски за руралното население со акцент на лицата со попреченост, руралните жени и други ранливи групи” кој е поддржан од страна на Германското друштво за меѓународна соработка GIZ, во рамките на проектот Поддршка на диверзификацијата на економските антивности во руралните подрачја на Југоисточна Европа – SEDRA II.

Претходно беа одржани четири работилници на оваа тема во Скопје ,Кочани, Струмица и Велес.

Целта на овие работилници е да се стекнат со нови вештини и знаења претставниците на општини, локалните институции и организации во насока на креирање на буџетски мерки и политики за поддршка на лицата со попреченост и други ранливи групи. На работилницата присуствуваа лица со попречености од рурални средини кои заеднички работеа со претставниците на институциите на дефинирање на проблемите и предизвиците на лицата со попречености во руралните средини, и покренување на заеднички иницијативи за подобрување на нивниот живот во руралните средини.

Обуката беше одржана од проф.д-р Наташа Станојковска – Трајковска од Институт за специјална едукација и рехабилитација при Филозовски факултет ,а модерирана од страна на Билјана Петровска Митревска, Проектен менаџер на НФФ.

На самата работилницата свое обраќање имаше и Градоначалникот на Општина Македонски Брод – Жарко Ристески.

На работилницата присуствуваа претставници од општините Македонски Брод и Пласница, претставници од центри за социјална работа, претставници од здруженија, како и лица со попреченост, кои дадоа свој придонес од оваа работилница да произлезат заклучоци, препораки и иницијативи кои подоцна ќе бидат презентирани пред општините за нивна имплементација.