Националната федерација на фармери (НФФ) организираше четири теренски посети во следните 17 рурални општини Зелениково, Студеничани, Гази Баба, Бутел, Пласница, Македонски Брод, Јагуновце, Чашка, Велес, Лозово, Свети Николе, Струмица, Босилово, Василево, Зрновци, Чешиново – Облешево, Гостивар на тема маркетинг и промоција на производство.

Теренските посети кои се одржаа на ден 12.05.2023, 13.05.2023, 14.05.2023 и 15.05.2023 беа организирани во рамките на проектот „Поддршка на пазарните врски за руралното население со акцент на лицата со попреченост, руралните жени и други ранливи групи” кој е поддржан од страна на Германското друштво за меѓународна соработка GIZ, во рамките на проектот Поддршка на диверзификацијата на економските антивности во руралните подрачја на Југоисточна Европа – SEDRA II.

Целта на овие теренски посети е да се соберат информации во однос на капацитетот на производство на лицата со попреченост, можност за проширување на нивното производство, стекнување со нови вештини и знаења во однос на маркетинг и промоција на нивното производство, можност на лицата со попреченост да се здобијат со лого за нивното производство, идентификување на предизвиците со кои се соочуваат во процесот на производство.  На теренските посети присуствуваа лица со попречености од рурални средини кои заеднички со експерт за креирање на стратегија за маркетинг и промоција ги идентификуваа проблемите и предизвиците со кои се соочуваат лицата со попреченост во текот на нивното производство и се стекнаа со нови знаења за маркетинг и промоција на нивните производи со цел зголемување на нивните приходи и добивање на една нова димензија на нивните производи со цел поголемо привлекување на купувачи и препознавање на нивните производи.

На теренските посети , на лицата со попреченост им беше поставен прашалник кој е наменет за подобро да се разберат потребите и предизвиците на засегнатата група на корисници на овој проект, за подобра промоција, маркетинг и посоодветна продажба на нивните производи. Податоците од прашаникот ќе допринесат за креирање на стратегија за маркетинг и промоција на нивните производи.

Теренските посети беа спроведени од страна на Експерт за креирање на стратегија за маркетинг и промоција за производство, Мики Трајковски и  Проектен координатор, Ангела Самарџиќ.