Година измината со голем број на активности и соработки во насока на креирање на зеднички решенија за подобри услови за работа и живеење на земјоделците. Токму овие информации беа слоделени на Свечениот дел на Собранието на НФФ.

“Ние веруваме дека со зеднички дејствувања и соработки со институциите се креираат позитивни резултати во насока на подобри услови за работа и живеење на земјоделцитe беше истакнато на собранието.

Националната федерација на фармери во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за труд и социјална политика и Министерство за здравство формира работна група која работеше во текот на годината за изнаоѓање на соодветно решение. Оваа е проблем кој постои 30 години во државата и од 2023 година за првапат се пилотира решение со кое земјоделки ќе добиваат надомест за мајчинство поради спреченост за извршување на земјодлеска дејност поради раѓање.

Оваа година започна да се импелемнтира и земјоделска реформа од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и мораме да истакнеме дека и ние како социо –економски партнер на министерството сме информирани и консултирани за овие процеси. Организиравме средби со министерството за земјоделство и министерот Љупчо Николовски каде што пред земјоделците им беше презентиран новиот модел за субвенционирање. Заеднички став на сите е дека субвенциите треба да имаат развојна компонента и да се насочени за вистинските земјоделци.

Земјоделците посебно ја истакнаа  соработкатa и поддршката на Шведската организација за развој We Effect со која се овозможи поголемо обединување на земјоделците, јакнеење на структурата и внатрешната демократија на Националната федерација на фармери и воспоставување на партнерски односи помеѓу невладиниот сектор и институциите. Организацијата работи транспарентно отворено и е насочена кон обединување на малите земјоделци. Со гордост ве информираме дека организацијата има 300 индивидуални земјоделци .

НФФ додели четири благодарници:

Благодарница за соработка за Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство за вложен труд и ангажирање за воспоставување на партнерски однос помеѓу Министерството за земјоделство и Националната федерација на фармери и креирање на мерки за економско јакнење на малите земјоделци со посебна заложба на младите и жените од руралните средини.

Благодарницата за соработка за Јована Тренчевска, министерка за труд и социјална политика за нејзината заложба за промовирање и креирање на мерки за родова еднаквост во руралните средини во насока на подобрување на еконосмката и социјална положба на руралните жени.

Националната федерација на фармери со особено задоволството додели благодарница на Анели Лејна, регионална директорка на Шведската организација за развој We Effect за извонредна соработка и поддршка во јакнењето на гласот на малите земјоделци и нивното економско јакнење.

Благодарница за соработка со Филозофскиот факултет во Скопје за релизираната заедничка соработка во насока на јакнење на гласот на најмаргинализираните групи во руралните средини, а тоа се лицата со попречености. Во соработка со We Effect и Radiohajpen, како и со Катедратата за специјална едукација и рехабилитација на Филозофскиот факултет, Федерацијата имплементираше тригодишниот проект за поддршка на лица со попречености во земјоделството. Завршниот резултат на овој проект се состои од изградба на 28 пластеници за производство и продажба на храна, кои се во сопственост на семејства со лица со попречености, како и модернизација на 2 сточарски фарми исто во сопственост на лица со попреченост.

На свечениот дел се обратија претседателката на НФФ, Васка Мојсовска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска и регионалната директорка на We Effect за регионот Европа, Анели Леина. Модератор на настанот Билјана Петровска – Митревска, проект менаџерка во НФФ.

На настанот беше презентиран видео запис за активностите на Националната федерација на фармери за 2022 година. Ова видео претставува збир на НФФ активности, кои беа фокусирани на подобрување на економската и социјалната положба на малиот земјоделец во руралните средини, но и на заштита на животната средина и поддршка на одржливото земјоделство.

Во работниот дел на Генералното собрание донесена е одлука за започнување на процесот за подготовка на новата стратегија на НФФ 2024-2027 која ќе биде насочено кон економко јакнење на земјоделките и земјоделците со посебен фокус на равизвање на модел за одржливо земјоделството. Усвоени се извештаите за 2022 година и извештаите и програмата за 2023 година. Претседавач на Генералното собрание на НФФ е Светлана Трифуновска и нејзин помошник е Африм Зибери.