Претставници на Националната федерација на фармери реализира среда со претседателот на РСМ, стево Пендаровски на која што разговараме за предизвиците и проблемите со кои се соочуваат земјоделците и руралното население.

На средбата ги презентиравме приоритетите на Националната федерација на фармери во чиј фокус, покрај земјоделството, е руралниот развој што опфаќа справување со предизвиците со кои се соочува руралното население, како што се сиромаштијата и ограничените пристапи до здравствени услуги, едукација, право и моќ на одлучување.

Информиравме и за преземените активности во насока на подобрување на условите на родовата рамноправност, како и регионално поврзување и комуникација со земјоделските здруженија и меѓународни организации и институции.

Претседателот Пендаровски изрази поддршка за активностите на Националната федерација на фармери, особено за младите фармери и жените, како и нивно директно вклучување во развојот на земјоделството преку одлучување и активно дејствување. Во таа насока, на средбата беше истакната и потребата од вклучување на младите од руралните средини во процесите на креирање на политики за млади.