„Поддршка на пазарните врски за руралното население со посебен акцент на лицата со попреченост, руралните жени и други ранливи групи” е новиот проект кој Националната федерација на фармери започна да го реализира со поддршка на  проектот „Поддршка на диверзификацијата на економските активности во рурални подрачја на Југоисточна Европа (SEDRA II)“ финансиран од BMZ и имплементиран од GIZ и SWG RRD.

Целта на проектот е да овозможи создавање на пазарни релации на руралното население, каде што ќе бидат вклучени и лицата со посебни потреби, жените и младите од руралните средини и другите ранливи групи, со цел да им се обезбедат можности за создавање нови или дополнителни работни места, како и можности за зголемување на нивните приходи.

 

Во рамките на проектот ќе се спроведуваат активности за развој на вештините за маркетинг, промоција и пост бербени активности, директен развој на продажни канали, организација на 3 мини саеми кои ќе бидат наменети за руралното население и директна соработка со 17 рурални општини (Зелениково, Студеничани, Гази Баба, Бутел, Пласница, Македонски Брод, Јагуновце, Чашка, Велес, Лозово, Свети Николе, Струмица, Босилово, Василево, Зрновци, Чешиново-Облешево, Гостивар) во насока да развиваат услуги кои се потребни на лицата со попречености во руралните средини и другите ранливи категории.

 

Овие активности се продолжение на проектот „From Disability to FoodAbility” кој НФФ го имплементираше 2019-2022 со подршка на We Effect и Radiohjalpen и беше фокусиран на лицата со попречености од 17 општини со основна цел подобрување на условите за живот преку обезбеденост со храна и подобра инклузија на локално и национално ниво.

 

On line платформата www.efarm.mk е дел од проектот „Поддршка на пазарните врски за руралното население со посебен акцент на лицата со попреченост, руралните жени и други ранливи групи “. Во моментот на платформата има 100 земјоделци кои ги промовираат и продаваат своите производи и кои се квалитетни и одгледувани во еколошки здрава средина. Преку проектот, www.efarm.mk ќе биде надоградена со нови содржини, приказни за земјоделците во насока на зголемување на продажбата и промоцијата на производите на руралното население.