Програмата за откуп на свежо овошје 2022 на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е подржана преку интеревнцијата школски шеми-пилот јаболка која се спроведува во рамките на проектот IISEE на We Effect финансирана од Шведска, а е имплементирана од Националната федерација на фармери во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Токму преку оваа програма се откупени 743.000 килограми домашни јаболка од македонските земјоделции се дистрибуирани во 350 основни училишта односно до 186 000 ученици. Едни од од нив се и учениците од Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух и говор „Кочо Рацин“ од Битола, кои ги посетивме со цел да видиме како се одвива распределбата на јаболката на терен.

 

Во рамките на оваа теренска посета ја посетивме и компанијата Еуро Кост која врши откуп, пакување и дистрибуција на јаболката и овоштари од кои е извршен откуп на јаболка. НФФ ќе го поддржи процесот во делот на еконосмко здружување на фармери за понатамошно вклучување на реализацијата на школските шеми и ја помогна стандардизацијата за пакување на јаболката.

 

Во суштина, придобивката од овој модел е што производителите на јаболка имаат можност да се обединат и како група да го подобрат квалитетот на нивните производи, пакувањето и поврзувањето на пазарот.

 

Од друга страна, крајните корисници, во случајов основците, во училишниот ручек добиваат здрав производ од домашно потекло.

 

Но, што е најважно, овој механизам овозможува инсталирање на системско решение за откуп и пласман на земјоделски производи од групи производители и подобрување на пазарните врски во секторот за јаболка што ќе овозможи полесен пристап до пазарот за малите земјоделци.