Националната федерација на фармери учествуваше на Пленарна сесија на Националната конвенција за ЕУ во РСМ. НФФ е активно вклучена во работата на конвенцијата. На панел дискусијата како да се справиме со климатските промени и социјалните последици во земјоделството, шумарство и животна средина, Стеван Орозовиќ, извршен директор на НФФ укажа дека климатските промени го туркаат руралното население во поголема сиромаштија и тоа посебно земјоделците. Орозовиќ потенцира дека треба да се градат политики врз основа на вистински податоците и соработка на иституционално ниво за справување со негативните ефекти од климатските промени.