Повик бр.14 за набавка на сертифициран расад за пиперка
Проект „Организациски развој на НФФ и подобрени пазарни врски за малите фармери и производители од руралните области со цел зголемен приход“
Позадина
Националната федерација на фармери ја претставува најголемата мрежа на фармери и земјоделски организации во земјата. Целата институционална меморија и искуство ја наследи од Федерацијата на фармери на РМ. Тој ги обединува напорите на 43 локални земјоделски организации и задруги, кои го претставуваат гласот на повеќе од 3.000 членови и соработуваат со речиси сите клучни играчи во секторот земјоделство и агробизнис.
Националната федерација на фармери го прошири опсегот на дејствување. Тоа значи дека покрај земјоделците, земјоделските здруженија и земјоделските задруги, организацијата ќе продолжи да ги зајакнува и поддржува ранливите категории во руралните средини, поголема поддршка за младите и жените и нивно директно вклучување во развојот на земјоделството преку одлучување и активно делување.
Покрај земјоделството, еден од главните фокуси на организацијата е и руралниот развој, односно справување со проблемите и предизвиците со кои се соочува руралното население, како што се сиромаштијата и ограничените пристапи на руралното население до здравствените услуги, образованието, правото за информирање и моќ на одлучување.
Главниот столб на дејствување е лобирање за дефинирање на проблемите од терен и со заедничка работа и анализа ќе се презентира пред надлежните институции за изнаоѓање заедничко решение, кое е во интерес на земјоделците и благосостојбата на целата наша држава.
Фокусот на Националната организација на фармери, која ќе продолжи да функционира под слоганот „Заедно за успех“ и логото што го симболизира трудот и производството на нашите земјоделци, е решавање на најголемите проблеми, а тоа е пласманот и квалитетното производство. Мисијата на ребрендираната организација е ОРГАНИЗИРАН ФАРМЕР ЛИДЕР ВО ЗЕМЈОДЕЛСКИОТ И РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. Визијата кон која се стремиме е – ПРОФИТАБНО ЗЕМЈОДЕЛСТВО – СТАБИЛНО СЕЛО.
Од мај 2021 година, NFF го спроведува проектот „Организациски развој на НФФ и подобрени пазарни врски за малите фармери и производители од руралните области со цел зголемен приход“ кој е поддржан од Sida и We Effect.
Очекуваните резултати од проектот се следните:
Резултат 1: Руралните претпријатија, малите земјоделци/производители, растат и обезбедуваат повеќе приходи и можности за вработување за луѓето од руралните средини, особено за жените и младите. Фокусот овде ќе го олесни пристапот до пазарот за актерите кои ги зајакнуваат руралните жени и млади. Во моментов, пазарните врски за продажба на производи се прекинати за малите земјоделци/производи, што доведува до низок приход на руралната целна група, што ги турка во сиромаштија.
Резултат 2: Зголемени организациски капацитети и финансиска одржливост на НФФ. Како организација заснована на членство, НФФ ги застапува интересите на земјоделците и руралното население во земјата. Таа има развиено членство со збир на бесплатни услуги на кои само членовите имаат право. Во последните неколку години како резултат на претходниот проект за Институционална поддршка на НФФ, организацијата ја подобри својата внатрешна организација, управување, воведе процедури, книга на правила, книга на однесување и други административни и управувачки алатки кои ги подобрија перформансите и влијанието на нашата работа. Фокусот овде е организацискиот развој и финансиската одржливост како клучна за да се продолжи со активностите за лоби и застапување и да се развијат нови услуги за да се обезбедат нови извори на приход.
Предмет на набавката
Основна цел е набавка на сертифициран сертифициран расад за пиперка за потребите на имплементација на проектни активности во рамките на Интервенција: Зголемување на пристапот до пазарот за производителите на пиперка преку планирано договорно производство дел од Проектот „Организациски развој на НФФ и подобрени пазарни врски за малите фармери и производители од рурални области со цел зголемен приход“ кој НФФ го имплементира со интервентен партнер откупвач на зеленчук од Битола и е поддржан од Шведската развојна организација We effect и Шведската меѓународна агенција за развојна соработка.
Техничка спецификација на сертифициран расад за пиперка
Расад- пиперка тип Капија наменета за садење на отворено поле
Количина- 500.000 садници за пиперка
Расадот да биде произведен од сертифициран семенски материјал.
Расадот да биде сертифициран (следен со целосна документација за сортна и здравствена исправност и да биде произведен од производител запишан во Регистерот на производители на семе и саден материјал при Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство на РСМ)
Расадот да биде одгледуван во стерилен супстрат наменет за производство на расад-Контејнери кои имаат 70-77 отвори со волумен на ќелијата не помал од 60 см3 супстрат или
Понудена цена врз основа на типот на контејнерот.
Расадот да ги исполнува следниве услови:
Висина од 16 до 20 см, да има 5 до 10 прави листови со убава зелена боја без знаци од заболување, котиледонските ливчиња да не се отстранети
Кореновиот врат да е со убава зелена боја, без темен прстен
Коренот да е добро разгранет, со бела боја и целосно да го опфаќа супстратот
Староста на расадот произведен во контејнери од 70-77 отвори да се движи од 50 до 70 дена од датумот на сеење.
Транспортот на расадот да се врши во затворени превозни средства во кои температурата нема да падне под 15оС ниту да се дигне над 30оС.
Испораката на расадот да се изврши во периодот од 10 до 30 Мај 2023 година, франко Битола во 3 до 5 турнуси зависно од потребите на интервентниот партнер
Пред да се испорача расадот да биде заштитен од штетници и болести
Очекувано време на испорака:
Избраната компанија/добавувач мора да го достави расадот за пиперка до избраниот партнер за интервенција во Битола сукцесивно во 3 до 5 турнуси во периодот од 10-30 мај 2023 година
Средства за мерење/верификација на комплетирање
Месец
Резултат
Средство за верификација
15 Декември 2022
Ангажирање на компанија/добавувач
Потпишан договор со избран добавувач
10-30 Мај 2023
Испорака на 500.000 расад за пиперка
Профактура, Фактура и испратница/и
Проектна активност 4.2.1.3 Интервентна област- „ Зголемување на пристапот до пазарот за производителите на пиперка преку планирано договорно производство”
Буџетска ставка: 4.2.1.3.1 Набавка на сертифициран расад за пиперка за корисниците
Координација и известување
Добавувачот директно ќе комуницира со Координаторот за организациски развој за навремена испорака на садниот материјал од пиперка.
Барања за квалификација:
Задолжителни технички критериуми:
Минимум 5 години професионално искуство во производство и продажба на саден материјал и/или земјоделски репроматеријал
Минимален годишен обрт од 6.000.000 МКД за 2021 година
Процедура за апликација:
Компаниите на овој јавен повик треба да ги достават следните документи:
Ажурирано портфолио (кое укажува на производство и продажба на саден материјал и работа на слични или идентични набавки)
Финансиска понуда. Едеинечна цена за 1 расад за пипер и за целата набавка (количина од 500.000 садници) за пиперка. Цената треба да биде изразена во денари со вклучене данок. Цената треба да ги вклучува сите трошоци за достава до Битола.
Техничката понуда треба да биде во согласност со барањата од спецификација и задолжително треба да ги содржи следните информации:
Сорта или хибрид на понудена пиперка Капија со соодветна спецификација за сортата и хибридот
документација на сертифицираниот саден материјал
тип на табли за производство на расад (број на отвори на табла/контејнер)
старост на расад
број на табли на палета
Тековна состојба издадена од Централен регистар не постара од 6 месеци
Завршна сметка за 2021 која укажува на годишен обрт/приход
Потпишана изјава за непостоење на конфликт на интерес ( Изјавата може да се преземе од веб страна на НФФ каде што е објавен Јавниот повик)
Документите/понудите да се достават на е-пошта nff@nff.org.mk и vidanka.martinovska@nff.org.mk најдоцна до 5 Декември 2022 (Понеделник).
Евалуација на понуди:
Понудите со некомплетна документација и/или понуди пристигнати по истекот на рокот нема да бидат земени предвид.
Понудите ќе се оценуваат според следните критериуми:
Принципот на најдобра вредност за парите ќе се земе предвид со користење на метод на бодување на комбинацијата на – карактеристиките на понудениот расад за пиперка во согласност со барањата на оваа набавка (60%) и финансиската понуда/предлог (40%)
Услови за плаќање:
Плаќањето ќе биде на две рати.
30% авансно плаќање при потпишување на договорот со избраниот добавувач и 70% плаќање 1 ден по целосна испорака на сертифицираниот расад за пиперка
Откако предметот на набавка ќе биде испорачан и испораката одобрена од проектниот менаџер-координатор за организациски развој, ќе се изврши исплата на преостанатите 70% од вкупниот износ.
Изјава за непостоење на конфлик на интерес:
Добавувачот ќе опише дали нивната организација/компанија/ вработени имаат какви било деловни или лични односи со тесно поврзани страни од НФФ и We Effect, нејзината регионална канцеларија во Скопје, нејзините управни тела и вработени или со слични тела/лица на Клиентот.
Тесно поврзана страна (лица, физички или правни) според дефиницијата на We Effect се смета лице кое има можност да врши контрола или значително влијание врз другото лице кога станува збор за финансиско и оперативно одлучување во врска со некоја активност. Целта на Декларацијата е да ги открие таквите информации што го прават процесот на аплицирање и евалуација потранспарентен и ги поддржува понудите во нејзината релевантност според условите на отворениот пазар.
ToR procurement of certified pepper seedlings Kapija Weeffect
Декларација за непостоење на конфликт на интереси МСД
Stay In Touch