Националната федерација на фармери реализира средба со министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска и министерот за земјоделство, Љупчо Николовски  на која се разговараше за статусот и положбата на жените земјоделки и за изнаоѓање на правен механизам за надоместок за мајчинство на регистрираните жени земјоделки. Двете министерства сериозно пристапуваат кон решавање на овој проблем преу системско решение за утврдување на надоместокот за мајчинство согласно меѓународни конференции од областа на трудот и имплементирање на политики врз база на родова еднаквост и недискриминација.