Мулдидимензионалната анализа за сиромаштија на Република Северна Македонија подготвена од Националната федерација на фармери со поддршка од Шведската фондација за развој, We Effect е презентирана на 4. Меѓународен симпозиум за земјоделство и храна-ИСАФ 2022, организиран од Факултетот за земјоделски науки и храна Скопје. Анализата е базирана врз мултидимензионалната алатка за анализа на сиромаштија развиена од Шведската интернационална агенција за соработка (Sida). Преку статистичките показатели анализата покажа дека потребно е зајакнување на социјалната кохезија преку реформирање на социјалната заштита, ефективен систем на услуги и поголема поддршка на институциите на пазарот на трудот. Авторки на анализата се проф. д-р Емељ Туна, проф.д-р Ана Симоновска и м-р Билјана Петровска – Митревска.

Во рамките на симпозиумот се одржа и панел дискусија „ Food Security and Sovereignty“(Обезбеденост и суверенитат на храната) каде што се укаже дека нарушени се пазарните врски за производство и пласман на земјоделските производи и храната и се потенцира дека мора да се преземат соодветни мерки и политики за стабилизација и функционирање на пазарните врски кои ќе овозможат транспарентност и ефективност,а не да се овозможува само зголемување на приходите на компаниите кои откупуваат и ланците на супермаркети.

Симпозиумот се одвива три дена и во него се претставнеи 386 научни тродови од експерти од голем број на држави.