Проект „Организациски развој на НФФ и подобрени пазарни врски за малите фармери и производители од руралните области со цел зголемен приход“

Националната Федерацијата на Фармерите (НФФ) е организиран глас на македонските земјоделци со мисија „Профитабилно земјоделство – Стабилно село”. Целните групи со кои работи НФФ ги опфаќа сите категории земјоделци, најсиромашните, ранливите, земјоделските семејни стопанства, земјоделските организации и земјоделските задруги, како еден од најсовремените облици на организација на здружениот труд и настап на пазари. НФФ како основна алатка го има лобирањето и застапувањето на земјоделците и реализацијата на активности во подобрување на бизнис опкружувањето, едукација и информирање на земјоделците во насока на зголемување на продуктивноста и конкурентноста. НФФ посветува посебно внимание на младите и жените, родовата еднаквост и намалувањето на сиромаштијата во руралните средини.

Националната Федерација на фармери, Скопје, има потреба од набавка на 5000 еднолитарски шишиња за сок од јаболка во рамките на проектот „Организациски развој на НФФ и подобрени врски со пазарот за малите земјоделци и производители од рурални области со цел зголемување на приходите (Market System Development- P9408)” поддржан од Шведската организација за развој We effect и Sida.

Условите за апликации се наведени во ToR кој е дел од повикот

Сите заинтересирани компании треба да достават наведените документи за апликацијата   на двата еmail vidanka.martinovska@nff.org.mk  и nff@nff.org.mk  најдоцна до 9.09. 2022 (петок) со назнака: „НФФ повик шишиња”.

Барања за квалификација

Задолжителни технички критериуми:

  • Минимум 5 години професионално искуство во производство на стаклена амбалажа или увозник/или увозник на пакување во индустријата за храна и пијалаци

Процедура за аплицирање:

Компаниите за овој ToR треба да ги достават следните документи:

  • Ажурирано портфолио на компанијата (што укажува на работа на претходни слични или идентични задачи)
  • Техничка понуда која содржи:

√ волумен и дијаметар на понудените шишиња

√ време на испорака што го означува бројот на денови за испорака на шишиња

√ фотографија од понудено шише (не е задолжително)

  • Финансиска понуда. Единечна цена по шише и вкупна цена за потребната количина. Понудата треба да биде изразена во МКД со вклучен ДДВ. Во цената треба да бидат вклучени трошоците за испорака.
  • Доставување на изјава во пошта-Декларација за односи

Евалуација на понудите:

Понудите со некомплетна документација и/или понуди пристигнати по истекот на рокот нема да бидат земени предвид.

Понудите ќе се оценуваат според следните критериуми:

Принципот на најдобра вредност за парите ќе биде земен предвид со користење на метод на пондерирана бодување за да се оцени комбинацијата на портфолиото на компанијата, претходната работа на слични задачи и техничката понуда на шишиња со сок (40%) и финансиската понуда/предлог (60%)

Услови на плаќање

Надоместокот за оваа набавка е наведен во Дел II-Цел на задачата во Референтните проектни активности и буџетски линии.

Плаќањето ќе биде 30% аконтација при потпишување на договорот и 70% на денот на испорака на шишињата со сок од јаболко.

Декларација

Добавувачот ќе опише дали нивната организација/вработени имаат какви било деловни или лични односи со тесно поврзаните страни од НФФ и We Effect, нејзината регионална канцеларија во Скопје, нејзините управни тела и вработени или со слични тела/лица на Клиентот.

Тесно поврзана страна (лица, физички или правни) според дефиницијата на We Effect се смета лице кое има можност да врши контрола или значително влијание врз другото лице кога станува збор за финансиско и оперативно одлучување во врска со некоја активност. Целта на Декларацијата е да ги открие таквите информации што го прават процесот на аплицирање и евалуација потранспарентен и ги поддржува понудите во нејзината релевантност според условите на отворениот пазар.

ToR procurement of apple juice bottles
Декларација за непостоење на конфликт на интереси МСД